Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.12.2012, 16:49

Во СДСМ се стркалаа крупни гла��и, дали тоа ќе ја засили или ќе ја ослаби партијата?

Црвенковски објави опозициска офанзива ставајќи ја Владата пред „земи или остави“ во предвечерјето на гласањето на новиот буџет

Наум Котевски


Драматичен викенд имаа опозициските социјалдемократи во изминатите два дена. За првпат во историјата на партијата е извршена чистка на највисоко ниво во која настрадаа екслидерот и експремиер Владо Бучковски, некогашната тупаница на СДСМ во Ресен и доверлив човек на Црвенковски - Димитар Бузлевски и Виктор Цветковски – чие име не е толку познато во јавноста но кое се врзува за независна кандидатура на изборите напролет.

Јасната одлука на Социјалдемократскиот сојуз на три месеци пред локалните избори да направи радикален пресврт во својата стратегија и да тргне во конечна офанзива викендов доби конкретни облици, кои објективно може да предизвикаат нивно радикализирање на политичката сцена во државата.

СДСМ исто така прати сигнали кон својот најголем политички противник ВМРО-ДПМНЕ, праќајќи му јасна порака дека се сериозни во намерите да не учествуваат на избори доколку не се направат измените во Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Сакаме јасно да порачаме. Овој пат нема да помине политиката на власта за одолговлекување, а потоа ставање пред свршен чин, како пред парламентарните избори во 2011 година. Доколку во изборниот закон не се направат неопходните измени и не се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, и доколку не се исчисти избирачкиот список ние на претстојните локални избори нема да учествуваме“, рече партискиот лидер Бранко Црвенковски на прес-конференција која беше финале на неколкучасовната седница на Централниот одбор на партијата – највисок партиски орган меѓу два конгреси.

Овој став, како што велат од СДСМ, благовремено се соопштува на три месеци пред изборите па секој, според нив, има време да се преиспита и соочи со сопствената одговорност за сите последици, и за земјата и за демократијата во неа.

Како дел од новата стратегија на СДСМ, е и ставот на партијата дека ќе поднесе предлог како да се скратат речиси 250 милиони евра непродуктивни трошоци од предложениот буџет за 2013 година. Доколку тоа власта не го прифати СДСМ се изјасни дека нема да ги повлече амандманите, со што амандманската расправа во Собранието може да продолжи во недоглед, а целокупната одговорност за тоа социјалдемократите ја префрлаат на Владата.

Пораката од „Бихаќка“, во рамките на обидот за рекомпонирање и заострување на политичката борба, е јасна. Доколку власта не ги напушти клучните полиња на тврда политичка моќ нема да има ниту избори, ниту буџет.

Социјалдемократите, за првпат, направија уште еден потег: повторно ги вратија во своите партиски редови Есад Рахиќ – кој беше своевремено исклучен од партијата и Никола Ќуркчиев некогашен секретар и сива еминенција во СДСМ кој подоцна се пасивизираше. Тие се нови членови на Централниот одбор кои треба да бидат своевидно засилување пред претстојните избори. Рахиќ важи за теренец – политички булдожер кој едно време беше во комбинација со Љупчо Јордановски – починатиот шеф на парламентот од СДСМ кој подоцна се разиде со партијата откако Црвенковски во улога на претседател на државата го врати од амбасадор во Вашингтон. Рахиќ беше познат како жесток критичар на работата на СДСМ и како што велеше „недостиг од демократија во партијата на Црвенковски“.

Првите реакции по драматичниот викенд во СДСМ се дека најголемата опозициска тешко ќе може да ги пресретне внатрепартиските превирања сега откако отвори процеси на внатрешно чистење. Образложението за партиските исклучувања е дека според Статутот на партијата без дозвола на матичната партија никој не смее да објави независни кандидатури (Бузлевски и Цветковски) и никој не смее континуирано да работи против интересите на партијата (Бучковски).

Вчера во политичките кругови се отвори дебата дали СДСМ се држел до одредбите од Статутот кои овозможуваат исклучување од партијата. И Димитар Бузлевски и Владо Бучковски се на став дека не се почитувале партиските закони. Според Бузлевски исклучувањето е последица на политичкиот декрет на потесното раководство и притоа вели дека таква одлука можел да донесе само општинскиот огранок во Ресен, чиј член е тој.

И Бучковски, кој во исклучувањето не гледа „збогум“ туку „дови��ување“ како што вели до изборот на новото раководство на конгресот во мај наредната година, е изненаден од тоа што Централниот одбор не побарал од него да ги изнесе своите аргументи како што тоа го налага Статутот.

Како може да бидеш исклучен од партијата

Доколку членот на партијата се зачлени во друга политичка партија, или се кандидира како независен кандидат, односно како кандидат на листа на друга политичка партија, без согласност на СДСМ, тоа може да биде причина за престанок на неговото членство, се вели во членот 15 од Статутот на Социјадемократскиот сојуз. Причини за разделба може да бидат и прифаќање на кандидатура за функција или функција во законодавната, извршната или локалната власт од страна на друга политичка партија, без согласност на СДСМ, како и работење и дејствување спротивно на Статутот и Програмата на СДСМ. Но во членот 19 се дообјаснува дека одлука за опомена, односно одлука за исклучување донесува Извршниот Одбор на општинската организација или Централниот одбор на СДСМ. Во постапката за исклучување мораат да се приложат докази (документи и изјави). Основ за донесување на одлука е усната расправа. На усната расправа задолжително се повикува членот против кого се води постапката за исклучување и тоа во сите степени на постапката. Извршниот одбор на општинската организација и на ЦО на СДСМ, пред кои се води постапката, дозволуваат присуство на член по барање на членот за кој се води постапка, кој би бил негова поддршка во постапката. На расправа се води записник.

Петар Арсовски жртва на фалсификувана порака

Централниот одбор на СДСМ и одлуките што се донесоа на него вчера предизвикаа и жестока битка во која не се избираа средства и преку електронските пошти. До електронската пошта на „Утрински весник“ а и на повеќе други медиуми стигна информација, наводно, испратена од адреса и со потпис на Петар Арсовски, во која тој наведува сериозни повреди на Статутот на СДСМ при исклучувањето на Бузлевски, Бучковски и Цветковски, како и дека на Централниот одбор на партијата присуствувале само 60 членови од вкупно 90 и дека таму намерно не биле Ана Павловска Данева, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Инаку, Заев и Шекеринска, навистина биле отсутни но Шекеринска заради повреда на ногата, а Заев бил на служеб пат во странство. Во пораката пак се вели дека Шекеринска не присуствувала бидејќи таа своевремено го исклучила Рахиќ од партијата и сега не се согласува со негово враќање. Арсовски итно демантираше. „Таа порака е фалсификат. Јас немам таква електронска адреса. Се работи за груба манипулација и обид за конструкција“, рече тој.

 


Статијата е прочитана 4221 пати.


Испрати коментар



Комисијата за лустрација без двајца
Јануарско пакетче за Македонија и Грција
Напнато во парламентот
Буџетот се заканува да предизвика длабока политичка криза
Бучковски
Што кажува Иванов кога ништо не кажува



milko, 17.12.2012 03:24:15
vo izbornata komisija e kondarko kogo branko lesno go otsrani a sega saka da go dotolci za nikogas da ne mu bide konkurencija samobendisanost i nisto poveke.poz
bitola, 17.12.2012 05:35:01
oktopodot ja gubi kontrolata,kriminalnite pipci se osamostojuvaat,dali makedonija ima junak kako vucic vo srbija i uskok vo hrvatska,da pocni borba protiv kriminalot,grujo se pokaza deka ne e toj,kako sto se vide i deka e daleku i od patriot.
Поитар Пејо, 17.12.2012 07:14:17
Се стркалаа големите глави, останаа празните................
ФЕЛИКС, 17.12.2012 07:36:24
Едно знам и ептен сум сигурен да кога ќе се ,,стркала,, глава tuti глава(нека ми простат Евдините Зумбулки оти на италијански незнам како се вика глава,па ако знаат нека дополнат)тогаш партијата ќе види бериќет.
Dorjan, 17.12.2012 07:56:57
Нема сентименталности кога се во прашање интереси кои ги надминуваат теснопартиските рамки. Каква корист имаше СДСМ од Бучковски и Бузлевски. Првиот, од зад агол ја играше улогата на дежурен критизер, божемно доброномерен, а вториот (Бузлевски) е поголема штета да го имаш, отколку да го немаш. Како интелект, го намалува просекот на социјалдемократите. Затоа нема потреба од траорни лелекања поради нивната чистка. А за ставот кон власта, не треба да се оди на компромиси. На прва топка со шпицот и директно по цеваници, за да се оневозможат за нови чекори во разградувањето на државата, што ја подјармија и ја претворија во нивен пашалук.
devicanecot, 17.12.2012 08:52:07
Нервозниот пензионер се повеќе греши. Има ли некој што погрешно го советува,или сепак се тоа само негови лични грешки? Бузлевски, Бучковски...и останатите исклучени не се примени во членство од Централниот одбор на СДСМ, туку членуваат во некоја месна и општинска организација на СДСМ,каде се и примени во членство. Таму треба да се донесе статутарна одлука за исклучување...ама тој кога може судски одлуки да менува со едно подигнување на телефон, тогаш што ќе дискутираме повеќе. Но сепак би го запрашал Б.Ц. што е со Ханџиски? Дали тој е уфрлен крт од страна на СДСМ во редовите на ВМРО..и си рие..рие па сите компири од Беровско си ги собрал за зимница?
jovan, 17.12.2012 11:44:04
Se slozuvam so komentarot na bitola. Vo drzavava se slucuvaat previranja vo kriminalnite strukturi koj osekaat deka Grujo moze da zagubi, pa zbesnati se sto poskoro da obezbedat premin i zastita od nekoja nova mokna partija, vo slucajov SDSM. Samoto nominiranje na Jagnula Kunovska(bivsa SDSM) za gradonacalnik na Karpos kako predlog od VMRO, se potvrduva tezata deka pola SDSM se vsusnost so ili vo segasnovo VMRO. Toa veke i nadvor go svakaat, deka vsusnost Vlast i opozicija se edno isto, ili potocno kontrolirano e od edni isti luge, pa zatoa eve veke 7 godini nie imame *nemokna* opozicija koja pravi *katastrofalni* greski, koj koga togas ke se ispostavi deka vsusnost bile namerni. I ova segasno glupiranje vo SDSM pred izbori e vsusnost pomos da VMRO uste malku opstoi i vladee.
загрижен член на СДСМ, 17.12.2012 11:48:50
Дали тоа ќе ја засили или ќе ја ослаби партијата? Ќе го засили Бранко, а ќе ја ослаби партијата. Бранко го зема Љубчо, а ги трга сопартијците. Ова што тој го прави нема врска со демократијата и плурализмот. СДСМ полека се враќа во комунистичкиот диктаторски период кога владееше едоумието. Нека ни е среќна новата 49-та год.
Jasmin, 17.12.2012 14:09:48
Kako e mozno da necini Buckoski Ruzin buzlevski a da gi topori Tita Ljubca gjuner ismail
pero, 17.12.2012 14:17:17
Па добро толку се провидни овие од Вмро па мислат дека ке им веруваме на детските приказни. Ако јас имам конкур��нт и 100% ке го советувам да направи нешто добро за да ме победи, па знаеме дека се што е лошо за СДСМ они им предлагаат како добронамерно за да биле подобри.
tvrtko, 17.12.2012 16:13:12
До загрижен член за Сдсм.Ако си ти навистина загрижен член и ако си во работен однос во фирма каде што директоруваат голобради,ЗЕЛЕНИ и неписмени директорчиња на Дпмне ќе видиш братче што е среќна нова 1949.Овие се бетер од комунистите или пак се потомци на комунистите.
Ljubcho kaj Brane, Bule kaj Grujo - eve ti ga na!, 17.12.2012 17:26:01
Brane, toa shto mozesh da oterash ti, povece ni DPMNE ne mzoe da apsorbira. Pa celoto rakovodstvo i pola od chlenstvoto im e od kaj tebe. Stvarno vece ne se znae koj e koj i koj e shto. Daj pali svetlo!
Stojko, 17.12.2012 22:31:54
Тешко си на државата, во која народ повеќе се занимава со опозиција, барем според коментарите, отколку да ја критикува власта.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Монт Еверест во две милијарди пиксели
Сигурно сте виделе илјадници фотографии од Еверест, но ништо слично на ова...
Апокалипса - сега или кога?
Крајот на светот предвиден за 21 декември не е единствен суден ден кој човечкиот род го смислил за себе - тука се и трет...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вес��и | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |