Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
13.12.2012, 17:21

Буџетот во политички лавиринт

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа пленарната седница за расправа за буџетот на 24 декември

Нина Нинеска-Фиданоска

Буџетот продолжува да биде една од главните точки на политички препукувања и барања. Владата тврди дека опозицијата го блокира неговото носење, а опозиционерите одговараат дека нивната намера е да се изгласа квалитетна државна каса, која ќе биде за доброто на сите граѓани.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа пленарната седница за буџетот на 24 декември. Од неговиот Кабинет велат дека главна цел на овој потег е да се почитуваат деловните одредби, според кои расправата за буџетот трае пет работни дена.

Вчера попладнето расправата во Комисијата за финансирање и буџет беше стигната до 137 амандман, од по��несени вкупно 1.226. Досега не е прифатен ниту еден амандман на опозицијата.

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов, вчера веќе не можеше да даде точно предвидување што ќе се случи со расправата. „ Комисијата работи дури и по 10, 11 или 12 часа, но поради политичките притисоци, не знам дали ќе постигне. Сметам дека се прави некое сценарио како некој намерно да сака да не се изгласа буџетот, за потоа некој друг да се обвинува за тоа“, вели Николов.

Партијата НДП на Руфи Османи вчера побара лидерска средба на која би се постигнал договор околу барањата и на опозицијата, и на тој начин би се деблокирало неговото гласање. „Во досегашната расправа Владата се однесува дрско, не прифаќајќи ниту еден од нашите амандмани, без воопшто и да образложи зошто не ги прифаќа“, ни изјави пратеникот Зеќири. Едно од главните барања на НДП е да се постигне согласност дека идната година мора да се реализираат капиталните инвестиции предвидени за западниот дел од земјава, за кои, како што велат, владејачката ДУИ ветувала оти ќе бидат потрошени 25 отсто.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, пак, вчера испрати писмо до шефот на парламентот Трајко Вељаноски кој претходно го обвини Јовановски за политички опструкции. Во писмото тој го потсетува Вељаноски на ставот од Законот за буџетите, а во кој се вели дека „во случај кога Буџетот за наредната година не е донесен до 31 декември, Министерството за финансии одобрува користење средства месечно најмногу до една третина од вкупните извршени расходи во првиот квартал од претходната година, најдоцна до 31 март...“

Јовановски го го обвини за „непознавање на проблематиката“. „Кога претседателот на Собранието, највисокиот законодавен дом, ќе се стави себеси во улога неосновано и неаргументирано да навредува некого, без претходно да ги провери информациите, тогаш тоа не е само негов личен срам, туку срам за институцијата и срам за граѓаните. Вие сте само уште една причина зошто во Македонија работите мора од корен да се променат“, се вели во писмото.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини СДСМ дека го доведува во прашање носењето на буџетот. „Исклучително е неодговорно однесувањето на СДСМ и нивната пратеничка група, која го блокира работењето на комисијата, односно го доведува во прашање носењето на буџетот за 2013. Никогаш до сега во овие дваесетина години не се довело во прашање носењето на буџетот, а со тоа сериозно да се загрози и нормалното функционирање на државата“, рече пратеникот Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ.

На расправата на комисијата, пак, министерот за финансии Зоран Ставрески повтори дека вистинската цел на СДСМ е да не се донесе буџетот. „Дајте навреме да ги исплатиме земјоделците и пензионерите. Не доведувајте го во прашање функционирањето на државата“, рече тој.


Статијата е прочитана 605 пати.


Испрати коментар



Се продлабочи јазот меѓу Теута и Ермира
Вељаноски ќе ги преземе и бранителите
Можна ли е хармонија во Скопје по неуспехот во Брисел
Груевски пред европските лидери
Шврговски ги одбројува последните денови
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста



СУМО, 13.12.2012 22:19:19
Исклучително е неодговорно однесувањето на СДСМ,а со тоа и сериозно се загрозува и нормалното функционирање на државата. Вистинската цел е да не се донесе буџет во 2013 г.
Никола К., 13.12.2012 22:58:16
Однесувањето на опозицијата во Македонското собрание е во најмала рака кажано неодговорно. Опозицијата се обидува на било кој начин да извлече глас плус, не гледајќи дека со ваквото однесување само работи на своја штета, а што е уште полошо и на штета на цела Македонија!
Мила, 13.12.2012 23:48:47
Нема потреба да страдаат граѓаните на Македонија заради нечие целно и неодговорно постапување. Земјоделците се стимулираат со субвенциите, а пензионерите заслужиле да имаат спокојни пензионерски денови.
ФЕЛИКС, 14.12.2012 07:43:24
Кога се нема што да се понуди како издржана алтернатива тогаш единствено останува да со грамадница амандмани она што треба и мора да функционира се закочи.Ако на секој поднесен амандман се направат 3-4 реплики тогаш од истата партија тогаш се гледа сета беда на неконструктивност како опозиција.Ако им е алиби тоа демек ,,ќе ја спасуваме државата од непродуктивни проекти,,тогаш со кочењето на донесување на буџетот се гледа сета немоќ на политичко делување.Секоја нормална опозиција ваквите проекти ќе ги искористи ,,до даска,, да власта ја разобличи и го анимира електоратот да гласа за неја.Вака преку судир со пензионери,социјални групи,земјоделци и др. само и даваат шанса на власта да ,,пуца пенали на празен гол,,
Трпе, 14.12.2012 08:09:32
И во најдиктаторските земји немат толку јака пропагандна машинерија како нашата пропагандна власт.Кум Ставре ги обвинува децата што барат леб и млеко а сака да земе кредит за тиквешка жолта и за пиво.Колку невоспитани деца барат и за празниците по едно лижавче да им се купи.Не знаат кој е глава на куќата.
македонка, 14.12.2012 08:31:09
Дајте СДСМ оставете го човекот нека работи,вие имавте време да се покажете,затоа престанете!!!!!!!
Buntovnik, 14.12.2012 08:32:31
SE vo ist stil. Drzavata vo lavirint, vladat vo lavirint, narodot vo lavitrint eeh, cvrst karakter e toa.
Ivan, 14.12.2012 10:18:54
Odma se aktviraa dezurniti komentatori od DPMNE da go branat Stavrevski. Kako mozete da se soglasite na vakov buget kade ima samo pari za vmrovska administracija i spomenici. Site nie go polnime bugetot ne e se to samo vasi pari. Nego drugo povazno prasanje: kade ke begate koga ke padne ovaa vlada?
acko, 14.12.2012 10:31:43
Jas licno sum protiv toa da se zemat krediti za budzetski potrebi i dosta e zadolzuvanje.Ako sakaat ovie od dpmne da teraat partiska agenda so potkup na glasackoto telo neka izvadat od ukradenite milioni i neka delat.Stavot na opozicijata e bas konstruktiven i zrel i glasi AJDE DA SI GI PUSTIME NOZETE KOLKU STO NI E DOLGA CERGATA....dosta e so tezata sto ja teraat nekoi nepismeni deka vo sustina sdsm i opozicijata ja bojkotirale drzavata.KOJ MU DAL DOZVOLA NA OVIE OKSIMORONIVE DA NE ZADOLZUVAAT PO SEKOJA CENA I NA SEKADE........
Дамјан, 14.12.2012 10:41:09
Ова е акт на тероризам и велепредавство. Бараат кеш за да не блокираат, затоа што се во бетер состојба и од патроно�� им Грција. Финансиски нема да издржат до изборите, а камо ли да учествуваат.
kavadarcanea, 14.12.2012 11:55:06
Zosto Vmrovskite komentatori ne iskomentiraat nesto za zak. za braniteli ili tamu ahmeti ne dava kako sto rece za znamihjata,nema sila koj da gi simne ovie.Kade ste acevi potomci ili patrioti, kako mi da se narekuvate vece.A IJAS SAKAM KAJMENE VO KAVADARCI SPOMENIK BIDEJCI I JAS GO POLMAN BUGETOT
jovan, 14.12.2012 11:58:16
Samite naracani komentari od kriminalcite vo VMRO, pokazuva kolku mnogu im se potrebni pari. Bez pari se kako narkomani bez droga, se tresat od nervoza, a stanuvaat i agresivni. Tokmu oni se sega spremni da ne isplakaat nitu na penzioneri, nitu na zemjodelci, nitu dolgovi da isplakaat kon stopanstvoto na koe mu dolzat, a za toa normalno ke obvinat nekoj drug deka gi blokiral. Faktickata sostojba e, drzavata nema pari za nisto, i ako ne se zadolzi dodatno, drzavata ke propadne kako zadnji klosar, pa sega si baraat opravduvanje i spremaat teren koj ke bide kriv za propasta i bankrotot na drzavata. Sakaat da gi namestat naivcive od SDSM, koj za zal, ne se ni svesni kako dobro gi manipuliraat.
Gargamel, 14.12.2012 13:23:10
Jas sum dovolno,pa preku gusa zadolzen,a nitu sum penzioner,nitu zemjodelec,nitu vraboten,nitu VMR-oven,nitu vo drzavnata administracija i dosta mi e i od spomenici,i od vrbi,i od barok,i od *stranski investicii*,i od koalicioni i nekoalicioni partneri.Zabot mi e rasipan,me boli,a za stomatolog nitu imam pari,nitu ima kade da mi pomognat bez normativot na Nikola.Dve noki ne spijam,a vamu Stavrevski zapnal za kreditot,za budjetot,VMR-ovcite sum gp bojkotiral budjetot,sebe si se racunam za opozicija,pa duri i na opozicijata,ke propadnela drzavata ako ne zel kredit,taka se dogovoril,so kogo i koga,i za kolku provizija.Ako ne pa ke zel 84 milioni evra,a mene zabot me boli.Cudni lugje,cuden,parlament,cudna Makedonija losi sosedi i sosedski odnosi.A be da nema covek kaj da leci zab,ajde molim te.
ФАКТ, 14.12.2012 14:36:35
Vo ovaja zemja vladee gluposta a na nea i nema kraj. Mnogu mi e zal za nesvesnite i izgubeni Makedonci, koi ni od daleku nemozat da ja vidat vistinata, a taa e strasna so ovaa garnitura na vladeenje. Vladee prostakluk i apashluk ... a Vie dragi moi sogragjani stavete prst na um, bidejki kje bide docna. Moj predlog do opozicijata, iako sum partiski neoboen e: Dizvolete im na apasite da go donesat budjetot, bidejki i taka nema da vi pomine nitu eden amandman. Kje dojde vreme koga brojkite kje iskocat na povrsina. Do togash ne im davajte alibi, da vi ja prefrlaat topkata koga nema da imaat ni plati da podelat na svoeto glasacko telo... I za kraj ... PR agencijata odnadvor koja sto ovaa vlada ja plakja a e stranska, sekoja cest za spinovite i nacinot kako da se zamae ovoj i taka prosticok i naiven narod. ... zivi bili pa videli. Pozz
насмеан, 14.12.2012 14:42:35
значи на коментаторите од СДС ништо неможе да им погоди човек.Секој што не се согласува со нивните мислења е ВМРО-вец. Значи не живеат во македонија само партиски војници !
stojko, 14.12.2012 14:53:41
nemojte mnogu da iskazuvate zalenje za selanite i zemjodelcite oti nemalo da mu gi isplatite subvenciite, no za koi subvencii za koja godina zboruvate, neli e stramno mister tender stavreski uste da ne lazes bidejki vasata grujo politika e znaat i decata od prvo oddelenie bidejki se im e skrateno a toa najpoveke go cuvstvuvaat decata od selo i od zemjodelcite!!!
Ема, 14.12.2012 16:20:48
Опструирањето на буџетот од страна на опозицијата ја кочи државата, пензионерите ке останат 7% покусо, никакви капитални проекти ќе нама да се реализираат, ќе се намали економската актвност и ќе мора да се бараат пари од надвор. Со еден збор ништо добро. Последиците ќе ги почувствуваме сите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Монт Еверест во две милијарди пиксели
Сигурно сте виделе илјадници фотографии од Еверест, но ништо слично на ова...
Апокалипса - сега или кога?
Крајот на светот предвиден за 21 декември не е единствен суден ден кој човечкиот род го смислил за себе - тука се и трет...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |