Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
29.11.2012, 16:45

Штрајкот продолжува, пациентите се' понезадоволни

Се' погласни се реакциите на пациентите кои од внатрешноста се препраќаат во Скопје, а тука имаат проблеми да добијат здравствена услуга

Јасмина Јовановска-Вељановска


Како што продолжува штрајкот на лекарите, така се' повеќе расте незадоволството кај пациентите. Се' погласни се реакциите на пациентите кои од болниците во внатрешноста се препраќаат во Скопје, а тука имаат проблеми да добијат здравствена услуга. На Клиниката за гинекологија бремена жена од Кочани имала проблем да и' се направи редовен скрининг. Лекарите не сакале да го направат редовниот преглед на плодот зашто не била итен случај. Откако сопругот почнал да се расправа, зашто не можат да се шетаат по патиштата, бремената жена сепак била прегледана.

На Клиниката за пуломологија, итен случај со вода во градите и околу срцето, кој матичниот лекар го донел директно на одделение, немало кој да го прегледа. Во амбулантата немало лекар, ни во дневната болница, а се' уште не бил дојден ни дежурниот лекар. Жената која едвај дишела, речиси повеќе од половина час останала да чека во ходникот. Пациентката, сепак, била прегледна и прифатена, но откако матичниот лекар изреагирал до директорката на клиниката.

Меѓу пациентите кои се жалат има и одредени ургентни случаи, на кои, иако им била дадена здравствена помош, сепак добиле препорака поради штрајкот да продолжат со лекување дома. Таков случај имало вчера во општата градска болница „8 Септември“, 80-годишна жена со мозочен удар и со одземеност, откако ја прегледале и и' дале инфузија, не сакале да ја задржат во болница. На семејството му препорачале пациентката да ја вратат дома и терапијата да и' ја дава домашна посета. Откако семејството реагирало, пациентката сепак била задржана на болничко лекување.

Од Клиничкиот синдикат велат дека се можни и вакви ситуации.

„Сепак е генерален штрајк на лекарите во здравството“, ни изјави сидникалниот лидер д-р Дејан Ставриќ, кој и пред два дена предупреди дека како ќе продолжува штрајкот, така ќе расте и незадоволството на пациентите. Тој им се извини на пациентите и посочи дека штрајкот не е само за нивниот професионализам, туку и за заштита на пациентите. На колегите им порача посебно да внимаваат да не дојде до несакани последици врз пациентите. „Апелот до лекарите е непотребен бидејќи ниеден лекар поради лична совест и професионализам нема да дозволи да дојде до несакани последици. Вистинскиот апел е до Министерството да се соочи со реалноста дека во ресорот има генерален штрајк во тек“, потенцира д-р Ставриќ, кој додаде дека страдањето сепак ќе биде на товар на Министерството за здравство.

Лекарите веќе две недели штрајкуваат поради платата според сработеното, која Министерството за здравство ја воведе од јули годинава. Лекарите сметаат дека моделот не е добар зашто со него се казнуваат едни лекари за да се наградат други, а пациентите се гледаат само како бројки. Во знак на револт од платата според сработеното, одредени лекари најавија дека ќе си заминат во приватниот сектор.


Статијата е прочитана 872 пати.


Испрати коментар



Владата не ја интересира македонското бело злато



Itar Pejo, 30.11.2012 00:44:28
Sekoja cest na lekarite, ama ne gi biduva za protestiranje. Zosto ne pobaraat od pacientite da se solidariziraat so nivnoto dvizenje?
analiticar, 30.11.2012 01:09:15
Najdobro e APSOLUTNO NIKOGO da ne pregleduvaat, se znae: strajk e strajk !!! Vo sprotivno, vremeto raboti za vlasta, a ne za lekarite. Sto se odnesuva do pacientite, slobodno neka odat vo Sistina, tamu ne strajkuvaat, ionaka taa bolnica ja napravija onie za koi tie isti pacienti glasaa. Ama tamu treba malku podebelo da se plati, sto ke predizvika revolt kaj pacientite, no toa e edinstveniot nacin da se postigne nesto. Siri go nezadovolstvoto okolu sebe kolku sto mozes poveke, involviraj sto poveke luge vo strajkot, NE popustaj, branuvaj.....i vlasta ke popusti, a ionaka mnogu brzo ke padne. Nikoj ne e vecen.
Nagradi i kazni, 30.11.2012 07:52:42
Kaznite (ne deka nekoi od lekarite ne gi zasluzile) kako prva merka predizvikuvaat revolt. Mozebi podobra ideja ke bese samo da davaat pogolema plata na lekarite koi rabotat poveke, pa na toj nacin da se stimuliraat i drugite? Isto taka smetam deka treba podobro da se platat onie lekari za koi nema zamena za da ne odat vo privatnoto zdravstvo (pr. so patolozite). Vo sekoj slucaj na krajot stradaat pacientite.
Vasko, 30.11.2012 08:42:26
Zosto Vie novinarite ne se obratite do Ministerot i ne go zaprasate koj ke gi snosi posledicite od generalniot strajk, bidejki sekade vo svetot lekarite strajkuvaat i za vreme na strajk gi preprakaat pacientite vo privatnite bolnici na smetka na drzavata. Najsvez primer bese onoj vo Francija pred dve nedeli. Skriningot ne e itna postapka i dokolku maticniot lekar ne napise deka se raboti za iten slucaj , greskata ako se sluci nesto e negova. I vo redovnata rabota na oddelite za nevrologija nema slobodni mesta i pacientite gi vrakaat doma so mozocni udari i so preporaka terapijata da im ja dava domasna poseta. Site primeri sto gi navedovte imale voobicaen tretman soglasno uslovite vo nasite bolnici i zdravstvstvo. namesto Ministerot da trosi energija na inaet so lekarite, podobro bi mu bilo da se zafai isto taka energicno so podobruvawe na uslovite vo bolnicite kade sto pacientite treba da imaat covecki tretman.
Јосиф Давидов, 30.11.2012 08:53:36
Колку за потсетување на нашите почитувани лекари, дека лекар не е исто што механичар или зидар, а токму лекарите се однесуваат како зидари и механичари, од нивната ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА ја нема ни буквата Х а камоли грижа за пациентитее, е мој драги “лекари“ вие сигурно сте ја погрешиле професијата и далеку сте од човечност и хуманост.кога материјалното ви е на преден план. Колку само да се потсетите на вашата ЛЕКАРСКА ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА. ,, Во часот кога стапувам меѓу членовите на лекарската професија, свечено се колнам дека својот живот ќе го ставам во служба на хуманоста Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено. Најважна грижа ќе ми биде здравјето на мојот пациент.
marjan, 30.11.2012 09:06:31
Kolku bedno...pa shto ne se soberat pacientite i da pojdat kaj g-n minister seznajko pa toj da gi leci...navistina beda od drzava sme
Jane, 30.11.2012 09:26:01
Здравствениот персонал е потполно во право. Еве како јас предлагам да бидат плативе во Р.М. Доктори - 1700-2000 евра плата, сестри од 1000-1200 евра плата, болницари од 500-700 евра плата, судии од 300-500 евра плата, Претседател на државата и премиерот 500 евра плата, пратеници во парламентот од 200-300 евра со тоа што пратенициве ќе треба да го стават во мирување работното место и патарината треба да изнесува како автбуска карта зависи од кој град идат. ТОА Е МОЈОТ ПРЕДЛОГ И МИСЛАМ ДЕКА Е НАЈДОБАР. Повелете коментирајте ме
Трпе, 30.11.2012 11:37:16
Штрајкот на лекарите е оправдан поради ниските плати и барањето на норма.Министерството се фали дека резултати ке има со квантитет а го испушта квалитетот на работа.Поголем учинок може да прават неспособните а слаткоречиви лекари.Една иста болест нема исто мерило.Шовекот и болеста не се индустриски производ.Министерството се труди да ги истера и последните квалитетни лекари а нивното здравство ке работи со млади и приучен медицински п��рсомал.Во здравството има и превработеност на технички персонал по партиска линија.Покрај возачите на олдтајмерите, сега се вработуват и нови возачи за набавените нови амбулантни возила без тендер.Здравствениот фонд се оптеретува непотребно а пари за плати на докторите немало.Жално.
Do Josif Davidov i uste po nekoj, 30.11.2012 12:38:46
Eve ja sum doktorka, hirurska granka, specijalist, zemam plata 27000, plus 5 dezurstva(24h)- po 1000 denari sekoe. Znaci 32000....Zaglavuvam sekoj den na rabota za da gi dovrsime operaciite, doma zena mi cuva deca (sto me kosta 12000)...plakam i smetki i hrana i se isto kako vas....Na frizer ne odam, oti frizura kosta povise od moe 24h dezurstvo....sekojdnevno sum vo kontakt so vasata krv pa moze da zakacam in SIDA ili HEpatit C za koi nema lek nitu pak zadolzitelno testiranje....vreme za privaten zivot nemam oti sum non stop na rabota....I pak ke kazite deka treba da ziveam bez pari, t.e od zakletva?? Pa sekade vo svet doktorite se najplateni, osobeno hirurskite granki....oti ne moze bilo koj toa da go raboti, bara golema posvetenost i dolgogodisna kontinuirana edukacija i naporna rabota....Pa Bujrum zemete si kredit 3000 evra i u privatna bolnica na operacija odete, tamu slusnav doktorite bile najhumani i najusluzlivi
Dame, 30.11.2012 18:43:45
Podrska za strajkot na lekarite. Nedovetno e nekoj od strana da im ja potcenuva inteligencijata, pa neka e i premierot. Prostakluk neviden. Pa koj treba i utre nas da ne leci? Privatnite bolnici!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелкa (18)
Ранковиќ на мета на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Телото како платно
Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла...
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |