28.11.2012, 17:20 Едиторијал
Сите тајни на парното греење
Маја Томиќ
Прекривка од мистериозноста го обви парното греење. З�� малку скопјани завчера ќе останеа со студени радијатори, а се' уште не знаат зошто можеше да дојде до тоа. Се прашуваат што се случува со „Топлификација“, зошто компанијата нема пари и не му платила на „Макпетрол“ за мазут и за гас, и тоа 1,7 милиони евра, ако секој месец плаќаат сметки. Како оние кои се грејат, така и оние кои се откажаа од парното греење. Се чудат зошто дојде до ситуација „Макпетрол“ да се заканува со прекин на испораката на гас за „Топлификација“ и зошто мораше Владата експресно да се вклучи и да ја смири кавгата меѓу компаниите.
Многу прашања, одговорите сите ги нагаѓаат. Дури и новинарите. Тие залудно упорно се обидуваа(т) да добијат дополнителни информации од компаниите, од Владата и од Регулаторната комисија за енергетика која ги дели лиценците за снабдување и испорака со енергенси. Одговорните едноставно не се јавуваа(т) на телефонските повици или се недостапни. Очигледно сите вмешани страни во оваа ситуација со парното греење мислеа дека е доволно да испратат официјалано соопштение од неколку реченици. „Макпетрол“ напиша дека затоа што „Топлификација“ му должи 1,7 милиони евра ќе ја стопира испораката на мазут и гас и нема да одговара за последиците, „Топлификација“ се огласи до Берзата (!?) и објави дека се обидува да најде трајно решение за вршење на регулирани дејности со кое ќе бидат задоволени корисниците, а од Владата соопштија дека е надминат предизвикот меѓу компаниите во врска со снабденоста со парно и дека ќе продолжи греењето.
И толку. Но, тоа е далеку од доволно. Несериозно е до таа мера да се потценуваат граѓаните и да се третираат како некои споредни фактори. Напротив, тие се клучните фактори затоа што се директни корисници на услугите на „Топлификација“ и на „Макпетрол“, во актуелнава ситуација. А, во истиот кош може да се стават и услугите на „Окта“ и на ЕВН. Сите овие компании кои држат монопол на енергетскиот пазар живеат од џебот на граѓаните. Затоа со право треба и мора да бидат информирани за секоја ситуација што ги допира нивните интереси. Значи, не треба секој да ги знае деловните тајни на компаниите. Ама ако „Топлификација“ нема пари за мазут, што значи дека ќе нема парно, не може одговорните да се прават „енглези“ и со едно соопштение од три - четири реченици, од кои никој ништо не може да сфати, да мислат дека ја завршиле работата.
Срамно е што наместо компаниите, новинарите се чувствуваат одговорно и непријатно и ставаат во ситуација да копаат од сите страни дополнителни информации по од некои свои извори и канали за да му го дадат на народот она што го заслужил, точна информација.
Навистина е крајно несериозно, вакви компании кои се значаен составен дел од животот на граѓаните, да немаат нормална комуникација со јавноста и да сметаат дека е доволно да праќаат по медиумите штури инфорамции.
И медиумите и компаниите постојат и работат заради интересите на граѓаните. Како е можно ниту „Топлификација“, ниту „Макпетрол“, ниту „Окта“, иако имаат служби за информирање, да немаат лице за комуникација со медиумите кое ќе информира за битни работи од интерес за корисниците. Дури и ако новинарите успеат да контактираат со службата за информирање, комуникацијата завршува најчесто со зборовите :„испратете меил и ќе Ви одговориме на прашањето“ или (евентуално), „ќе Ви кажам, ама немој да ме цитирате, кажете, дознаваме“. Тука и на тој начин завршува комуникацијата. А, директен телефонски разговор со првите луѓе на енергетските компании, како и од Регулаторна комисија, е рамно на невозможна мисија или на лотарија. Без разлика за каков проблем станува збор.
Не се „Топлификација“, „Макпетрол“, „Окта“, ЕВН и Регулаторната комисија компании лоцирани во некоја друга држава, ниту пак се некои локални фирмички за да се однесуваат така како што тие сакаат. Ако секој граѓанин дава по половина и повеќе од својата плата од својот џеб на сметките на овие компании, навистина е коректно од нивна страна да му дадат информации од негов интерес. |
Статијата е прочитана 1402 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 29.11.2012 00:34:06 | Veke se postavuva prasanje dali voopsto drzavava funkcionira kako treba, vie se zanimavate kako funkcionirale nekoj firmi. Vo vakov haos od drzava, funkcioniraat perfektno(za niv). Si pravat sto sakaat. |
| Izgor zesko, 29.11.2012 07:14:05 | Za nesto nad 70 kvadrati plakame nesto nad 6.000 denari, a koga gi molime od Toplifikacija da izvrsat proverka vo stanovite koi gi zagradile balkonite i stavile radijatori, vikaat deka nemaat nadleznost da vleguvaat vo stanovi. No, isto taka, nitu ednas ne povikaa pretstavnik od stanarite da bide prisuten pri citanjeto iako poveke pati gi molevme. Vaka izleguva deka navistina ima mnogu tajni, tuku poveke me plasi da ne ostaneme bez greenje i pokraj izgor cenite, se nekako natamu se dvizi. |
| Petre, 29.11.2012 08:01:08 | Би ја замолил новинарката да го истражи и објави и следново прашање: Пред околу 3 години Уставниот суд донесе одлука исклучените од парното да не плаќаат никаков надоместок. Таа одлука не е повлечена од судот и сеуште е во сила. Сега Регулаторната комисија реши исклучените да плаќаат по 10 ден/м2 станбена површина. И Топлификација веднаш ги пушти фактурите и тоа по 18 ден/м2. Прашањето е како може Регулаторната да носи такво решение при важечка одлука на Уставниот суд да не се плаќа. Дали таа одлука е неуставна и како таква неприменлива во пракса односно ништавна или Регулаторната е над Уставниот суд. |
| Buntovnik, 29.11.2012 08:49:31 | Makedonija 21 vek,-Прекривка од мистериозноста го обви парното греење. Nedaj boze da napravime sporet, kakva li misterija toa ke bide. |
| zoro, 29.11.2012 10:44:48 | Se soglasuvam vo potplmost so Jovan.Gragjanite nikoj ne gi esapi nitu pod razno.Za razlika od drugite sredeni i demokratski drzavi kade centralnata i lokalna vlast / odnosno drzavata /postojat poradi gragjanite,kaj nas e tokmu sprotivnoto gragjanite se nevidlivi.Sto se odnesuva do toplifikacija taa e inzvoredno vklopena, kako porano vo ednoumieto,taka i sega.Pravi sto saka,pokacuva ceni,gree koga saka,go isklucuva greenjeto po nekoi svoi pravila i seto toa so premolcena soglanost na vlasta.Namesto da odgovara za svoeto monopolsko odnesuvanje,regulatornata komisija nosi nov pravilnik so koj nikoj ne moze da se otkaze od uslugite na toplifikacija ako nema soglasnost od 80% na stanasrite,ili pak tie sto se otkazale mora da i plakaat nadomest na toplifikacija iako ne go koristat greenjeto.I nikoj,bukvalno nikoj od nadleznite drzavni organi ne naogja za shodno da reagira na vakvoto odnesuvanje.No golema vina i kaj gragjanite,treba da se reagira so masovno neplakanje na smetkite na toplif. |
| Ljupco, 29.11.2012 10:57:05 | Sramno za drzavata sto se ni se slucuva. Izgleda od strana , deka ovde vladeat mafijaski klanovi koi si igraat so akcionerite i gragjanite.SRAMOTA ZA MAKPETROL, TOPLIFIKACIJA I VLADATA. |
| Miki, 29.11.2012 11:16:43 | Za TE-TO e bitkata pocituvana novinarke, potocno za delot koj Toplifikacija go ima tamu!! Site sakaat da go grabnat toj mrsen zalak, a pogodete(od tri pati) koj od ovde? Samo neka ne se lazat deka preku nekoja dubara ke go ukradat toa samo za sebe i ,,papala maca,, - neka gledaat HTV sto mu se slucuva na Sanader i ,, Sanadercinjata,,! A sleguva nadolu metlata, i tie si znaat.. |
| парно, 29.11.2012 12:36:09 | Првата тајна на парното греење е таа што тоа не е парно туку топловодно греење. Од тука требало да почнат драгите новинари со нивните стручни истражувања... |
| milan, 29.11.2012 12:46:19 | Vo letnite meseci plakame fakturi,(ni velat toa bile pari za nabavka na mazut i gas za predstojnata zima) a vo zimskite meseci ni se zakanuvat so ladni radijatori.Ova sto se pravi vo MKD, monopolite nigde vo svetot ne go pravat.Po se izgleda se nakotilo lopov do lopov i ajde narode zivej spokojno.Ja zamoluvam cenetata novinarka, neka ispita kolkava e platata vo toplifikacija i kolkavi dividendi delat siromaskite vlasnici na toplifikacija, se razbira ako toa ne e nekoja bankarska tajna.(Oni tajno grabat,a narodot javno ke se smrznuva za ogromni pari sto plaka.) |
| perko, 29.11.2012 20:33:04 | pa sto vi e kriva toplifikacija,koj so sila ve tera da bidete nejzini musterii.da bidam iskren koj ne bi posakal vakvi,ti im vikas; skokaj, a oni;kolku visoko.e moj narode nepismen,em ve great koga oni sakaat,em kolku sakaat,em vi naplakaat kolku sakaat,pa sega sto sakate?ONI DA DOJDAT DA VE ISKLUCAT |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -4°C
Магла
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C
|
Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|