28.11.2012, 16:53 Роуд-шоуто во САД тргна од Детроит
Менаџерите на познати брендови од автомобилската индустрија слушнаа што нуди Владата, а и какво е искуството на инвеститорите што работат на македонскиот пазар
Соња Маџовска
Втората економската презентација на владина делегација во Соединетите Американски Држави, предводена од премиерот Никола Груевски, започна од Детроит.
Пред 60-ина компании од автомобилската индустрија бизнисмените од Детроит први ги слушнаа предностите за инвестирање во Македонија. Менаџерите на познати брендови од автомобилската индустрија ги слушнале и личните искуства од инвеститори што веќе работат на македонскиот пазар. „Детроит е град на автомобилската индустрија така што голем дел од нив беа претставници од овој сектор. Владиниот тим го даде максимумот, ја претставивме Македонија во вистинско светло, во реално светло. Ги истакнавме сите предности за инвестирање во Македонија“, изјави премиерот Груевски.
Свои видувања за македонската бизнис-клима изнесоа и првиот човек на канадскиот гигант „Нортел“ и основач на проектот „Македонија 2025“ Мајк Зафировски, но и претставници на компаниите присутни со свои инвестиции во Македонија „Кемет електроникс“, „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“.
„Импресиониран сум од оваа конференција, петта во последните пет години, каде што нивото на софистицираност на нашите предлози значително се зголеми. Но, исто така, е добро да се види дека референците од ’Џонсон контролс‘ и ’Џонсон Мети‘ се подобрени, што ја прави Македонија поатрактивна за инвестирање“, истакна Зафировски.
Според премиерот Груевски, излагањата на менаџери како Зафировски кој е многу познат како успешен во бизнис-круговите во Америка, како и присуството на инвеститорите во Македонија влеваат дополнителна доверба и потврда за тоа што го нуди македонската Влада.
Сепак, општ заклучок на средбата во Детроит била дека моментно економската состојба во Европа не е позитивна, но според Зафировски тоа за Македонија може да биде можност да привлече инвеститори бидејќи е многу важно да се биде на локација што не нуди само ниски трошоци, туку и ги задоволува деловните потреби на компаниите.
Инаку, посетата на Детроит премиерот ја искористи и за договори кои ќе помогнат во македонскиот здравствен систем.
„Америка е држава која е најнапредна во полето на медицината во светот. Секое доаѓање на обука на наши лекари и медицински персонал во САД е придобивка за нив самите, но и за Македонија“, истакна премиерот Груевски. Според него, овие првични разговори треба да ги продолжи министерот за здравство, а напролет се надева дека ќе биде потпишан и договор за соработка со клиниката „Хенри Форд“, за да можеме таму да испраќаме наши лекари на обука, на неколку месеци или на една година.
Следната дестинација на владината делегација е Хјустон, таму исто така се очекува да се посети еден од најголемите медицински центри во Тексас, со иста намера да се издејствуваат обуки за нашите лекари и доаѓање на нивни лекари во Македонија. А потоа следуваат Лос Анџелес и Сиетл.
Инаку, пред само три месеца Владата исто така беше на десетдневно роуд-шоу во САД и во Канада. И тогаш владините претставници и бизнисмени посетија повеќе градови со цел да ги убедат странските компании дека Македонија е поволна бизнис-дестинација. |
Статијата е прочитана 1487 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 29.11.2012 00:09:35 | Pazi, bogati, senzacionalna vest! Dogovoril da ispraca lekari na obuka. Pa lekari i bezbroj drugi strucnaci odat na obuka vo stranski zemji vece 70 godini. Neprekidno. Nasla nevesta sekira zad vrata. A za toa deka Makedonija e vrata za SAD kon evropskiot, indiskiot, kineskiot i qatarskiot pazar da ne se povtoruvame. |
| pero, 29.11.2012 00:44:52 | Mlatenje prazna slama............ ne misli li deka e vekje dosaden???????
Ili obicno begstvo od realnosta............. |
| jovan, 29.11.2012 01:08:04 | Dodeka Bojko Borisov na 3ti Decembar ima *zakazano* so Obama vo Belata Kuka, a nie prireduvame road show(ulicen spektakl vo sloboden prevod) niz America so pozajmeni pari koj ke gi vraka napateniot narod. Znae li Obama deka niz America *krstosuva* eden Premier koj predvodi patuvacki panagur vo potraga po zrtvi koj bi investirale vo ovaa zabokrecina, pa da se sozali da go vikni na edno namignuvanje. Makar i pred Belata Kuka na trotoar. Jadni sme. Doma Albancite diveat, Bugarite ke se dogovaraat so Americancite(mozebi i za nas ke padne muabet, a sigurno), Srbite si kalkuliraat mozni kompenzacii za Kosovo, Grcite se zakanuvaat..., a nie si delime dnevnici za sluzbeni patuvanja. |
| riki, 29.11.2012 01:34:13 | go pozdravuvam sekoj obid na vladata za donesuvanje investicii vo nasata zemja a so toa i otvaranje na rabotni mesta.megutoa da ne ostanat samo kontaktite kako do sega.od tamu ke dojdat od vamu ke dojdat,za na krajot od nikade.a investiciite se od samiot narod,bidejki sekoj nov zakon e povrzan so plakanje.ima stotici novi pravilnici i kazneni zakoni doneseno,so cel da se kaznuva narodot i da se polni kasata.a so izgovor red da se stavi.neka se stavi ama kaznite da bidat na nivo na standartot na narodot.znaci ovde vladata e neosporno vredna.se trudat na sekoj mozen nacin narodot da se iscedi i posle ke kazeme ovaa sto go zacrtavme-go ostvarivme.se pravi ekonomski bum ama vo stilot na vili brant vo svoe vreme.za samo 4,godini germanija ja digna na noze.dodeka kaj nas ke ni trebaat uste 40,god.nema nisto i taka ke ostane.vladata pa i opozicijata se epten preokupirani so megusebni presmetki,se so cel koj da e na vlast,dodeka narodot tivko so torba na ramo masovno ja napusta drzavava |
| zik, 29.11.2012 04:35:55 | nudime ovci za 200 dolari mesechna plata
[istoriski uspeh na sindikatot] |
| amerika, 29.11.2012 07:26:26 | koj ke vi investira od detroit ,detroit e propadnat nema do deka kogo laze grujo detroit nema pari za amerikancite sto ziveat tamo ke mu investira na grujo i ne za gabe go vikat detroit grad na duxovi oti grado tone i grujo laze |
| Hari, 29.11.2012 08:00:19 | Izbega Grujo na prosetka vo monemt koga Ali Ahmeti si go bilda rejtingot so nacionalisticko ludilo isto kako i Grujo koga diveese so negovite gladni za sendvic i dnevnica na mitinzi . Uste poveke koga vo Makedonija strajkuvaat nad 1000 specijalisti, koga nad 10 bolnici se blokirani a on od preku okeanot im deli lekcii deka ke gi praca da ucat onie koj poslednive 50 godini se educirale po svetot uste koga Grujo igral dzamlii. OTVORI SE ZAMJO.... |
| Miki, 29.11.2012 08:35:59 | Prerodeni, ,,uz duzno postovanje,, - Gruevski go izgubi pola Skopje(i sekoj den po edna ulica) a Detroit ke go osvojuval?? Ima edna slika od Brojgel kaj sto slepec vodi slepci, ja znaete?(iako vaseto obrazovanie stiga do ,,Tolstoevski,,)..Se mi lici deka pola ziveete vo oblaci, a drugata polovina veke se gleda vo ogledalo sto poubavo im stoi - srpska sajkaca ili bugarska subara!? |
| jovan, vlada @, 29.11.2012 11:54:59 | Абе Itar Pejo наш голем коментаторски маж, па кај си бе куќо стара.Викаш дека Груевски не траба да оди на роуд шоа и да потпишува договори за обука на наши лекари во Америка со изговор дека 70 години лекарите оделе на обуки и д��усовршување во странство. Да одеа во Русија,Арапските земји каде што и истануваа да печалат пари по неколк години. Како сакаме да имаме еконсмски пораст ако не се потрудиме самите да најдеме како држава инвеститори од странство каде што ќе им понудиме поволности да отворат бизнис и да вработат наши луѓе.Зашто се отворија дисперзираните студии кој вие ги плукате а кој треба истите да произведат кадар кој може да одговори на потребите на пазарот, и тоа кадри од најразлични профили.Поентата е да се отворат фабрики низ целата територија на Македонија, да се црпи работна сила рамномерно а не само Скопје.Се во свое време,или не сакаат да видат дека почнаа инвестиции да доаѓаат или со сила се прават слепи ајде да не употребам понепристоен збор.Поздрав до сите Пејовци и |
| Od graganin, 29.11.2012 16:22:06 | Drszavata ni visi na konec javno se oglasuvaat deka ke otcepat del o Makedonija a premierot otide vo Amerika da izigruva voditel ili ima ambicii da stane glumec pa ke trkne i do Holivood |
| Do Zik, 29.11.2012 17:38:18 | Nie od Shtip, nudime ovci po 100 evra mesechna plata. Ako sluchajno se isplatat 8.050 denari poradi zakonot, togaj ke vratat 2.000 nazad od bankomatot. I najbitno, obavezno glasaat za dpmne, zaedno so vodstvoto na sindikatot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -1°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|