19.11.2012, 13:44 Кумановец со огнено оружје повреден во градниот кош
Жител на Куманово со повреда од огнено оружје во пределот на градниот кош изутрината бил однесен во Медицинскиот центар во градот.
Изутрината во 4 часот и 15 минути во СВР Куманово, од Медицинскиот центар во Куманово е пријавено дека е донесен Х.А.(30) од Куманово, со повреда од огнено оружје во пределот на градниот кош, кој потоа бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Како што соопшти МВР, од страна на СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.
|