18.11.2012, 12:29 Лагард: Договорот за грчкиот долг треба да биде реален
Договорот меѓу кредиторите на Грција за намалување на долгот на земјата треба да се базира на реалноста, а не на желбите, изјави пред средбата со европските лидери шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Според Лагард важно е едно такво решение да обезбеди трајно решение за грчкиот долг, со цел да се избегне продолжување на рецесијата и нови штети на економијата на земјата.
Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ја скуси посетата на Азија за да може да присуствува на средбата на Еврогрупата во вторник во Брисел.
- Јас секогаш се трудам да бидам конструктивна, ��о сум движена од цели, изјави таа. Првата цел е за Грција да биде формирана и одобрена програма која е стабилна, која е убедлива денеска и ќе биде одржлива утре, која се базира на реалнсота, а не на желбите. Втората цел е да се зачува интегритетот, доверливоста и квалитетот на советите кои ги даваме, дополни Лагард.
ММФ и владите од еврозоната спорат околу тоа како да се намали големиот долг на Грција, што го забавува доделувањето на следната транша од 31 милијарда евра помош за Атина. |