17.11.2012, 11:29 Ромпуј: Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Според претседателот на Советот на ЕУ, членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори
Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј синоќа во Виена истакна дека зачленувањето на земјите од Балканот е приоритет на Европската унија.
Тој, при доделувањето на наградата „Европска награда Куденхове Калерги“, која му е врачена, рече дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори.
Шефот на австриската дипломатија Михаил Шпинделегар оцени дека мирот е осигуран само внатре во ЕУ, додека во соседството ситуацијата е поинаква.
- Во Босна или на Косово мирот може да биде обезбеден само со помош на војници, нагласи тој. И Шпинделегар се заложи за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Наградата Куденхова Калерги се врачува секои две години, а меѓу претходните добитници се германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот министер за надворешни работи на Австрија Алојз Мок.
Ромпуј, наградата ја доби за своите заложби за Европа како континент на единство и мирот, објасни пронцот Николаус фон Лихтенштајн, потпретседател на друштвото „Куденхове Калерги“.
Наградата го носи името на основачот на паневропското движење, дипломат, филозов и публицист грофот Ричард Николаус фон Кундехове Калерги.
|