Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.11.2012, 14:24
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат



Болните се жалат дека за одлагање на операцијата дознавале дури кога ќе дошле на шалтер за да им отворат историја на болеста

Лекарите од клиниките кои денеска втор ден штрајкуваа заради платата по учинок почнаа да ги враќаат пациентите откако по прегледот ќе констатираат дека не се итни случаи. Почнуваат и нервозни ситуации меѓу лекарите и пациентите. Посебно што болните се жалат дека за одлагање на операцијата дознавале дури кога ќе стасале на шалтерот да им отворат историја на болеста. Штрајкувачите ваквата неорганизираност ја сметаат како дел од притисокот што го имаат од менаџерите по секоја цена да влезат во операционите сали и да оперираат и редовни пациенти. Да се активираат редовните оперативни листи, како што дознаваме, настојувало и Министерството за здравство, директорите на клиниките како знаат и умеат да ги натераат лекарите да почнат да прават и редовни операции.

Веројатно изјавата на министерот за здравство, Никола Тодоров дека нема штрајк во здравството ги охрабри пациентите, сепак, да дојдат на клиника, иако не се итен случај. Пред амбулантите на клиниките денеска имаше повеќе пациенти за разлика од првиот ден на штрајкот кога болните се броеја на прсти.

Штрајкот продолжува и утре, а Клиничкиот синдикат на министерот му упати порака: „Изјавата дека нема штрајк е затворање на очите пред проблемот. Проблемот со платите нема да исчезне и треба да се преговара“, изјави д-р Снежана Георгиевска од Клиниката за гинекологија.

„Најголеми притисоци има на Рентген институт, каде на две докторки им се заканиле со отказ, потоа на Стоматологија и на Гинекологија каде се инсистирало на скриниг прегледи кои не се итна работа. Во внатрешноста, пак, се кинат плакати, а се барале и списоци на штрајкувачите“, изјави вчера претседателот на Клиничкиот синдикат, Дејан Ставриќ. Тој вели дека штрајкот нема политичка заднина и зад него стојат 1.400 лекари, што е околу 95 отсто од лекарите специјалисти во земјава.

„Секој синдикат има право да штрајкува, не само репрезентативен синдикат. Тоа е уставно право“, изјави Ставриќ, кој тврди дека Клиничкиот синдикат брои околу 6.000 членови, а секој ден членството се зголемува и со тоа ги отфрли обвинувањата на Гранковиот синдикат дека најголемиот број лекари не се во Клиничкиот синдикат.

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска беше во посета на велешката болница во која лекарите не штрајкуваа.




Статијата е прочитана 1727 пати.

Испрати коментар



Седум лица загинаа во сообраќајна несреќа во Германија
ЕУ забрани монета со крст
Ако си во неволја - врти 112
Георгиевски се заканува
Декемврискиот самит ја разбранува Атина
Груевски- Нова инвестиција со 500 вработувања
Нов спортски центар на местото на постојниот во Аеродром
СДСМ - Eдна милијарда евра треба да вратиме од 2015 до 2017
Нова инвестиција на „Пекабеско“
Автомобил излета, загина 21-годишен возач
Младо вино се пиеше во Кавадарци
Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
Лагард - Договорот за грчкиот долг треба да биде реален
Обама пристигна во Бангкок
Продолжуваат израелскo-палестинските вооружени напади
Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



Трпе, 16.11.2012 00:07:23
Преку окалките на портокаловите очила на министерчето сезнајко се гледа само розево.РМ е единствена земја во светот каде бладата го врши најголемиот мобинг врз сопствениот народ.И пациентите ги уценуват со цел да пропадне штрајкот.За здравјето секој се бори.Пациентите не се виновни.Виновни се овие кои ги злоупотребуват без трошка срам, овие кои имат мака.
Letovo se uveriv deka ima eden kup nepismeni doktori ali so vmro kniska imaat rabota, 16.11.2012 00:57:18
Poslednive nekolku godini se uveriv deka ima eden kup nepismeni doktori vo makedonija, polni so sebe deka sve znaat a na sekoja tema povrzna so nivnata profesija otkrivav dupki na neznaenje i pogodi ? site tie imaa vmro kniska i taka dobile rabota. Tie sto gi vrabotuvaat da mislat na idninata bidejki i nivnata familija moze kaj takvi doktori da se leci ne samo nie

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |