18.11.2012, 16:34 Сеха-лига: Вардар поразен во Цетиње
Спортскиот центар „Ловќен“ годинава е вистински кошмар за фаворитите во Сеха-лигата. По Нексе и Татран и трет фаворит го положи оружјето во Цетиње. За жал, тоа е македонскиот Вардар, кој не успеа на триумфот над Металург да додаде нови три бода и да го преземе првото место.
Црногорскиот тим низ текот на целиот натпревар ја имаше резултатска предност и контрола и на крајот дојде до триумф од 23:21.
Македонскиот интернационалец Златко Даскаловски, кој е бивш играч на Вардар, е херојот на црногорскиот тим. Со 20 одбрани Даскаловски е најзаслужниот што Ловќен успеа да запише нова победа. Фаворитите не се прославија во ова коло, па така и Загреб кој во Брест замина меѓу два важни меча од Лигата на шампи��ните беше поразен од домашниот БГК Мешков.
Трет пораз запиша и Татран Прешов. Словаците се поразени на гостувањето кај Нексе и сега на врвот на табелата се направи мешаница.
Вардар е на трето место во моментов со 17 бода од 9 одиграни натпревари. Металург во моментов е дури на седмото место со 12 бода, но и два меча помалку од ривалите кои се на врвот.
Резултати: БГК Мешков - Загреб 30:25, Борац - Слога 26:25, Нексе - Татран 28:25. |