19.11.2012, 12:49 Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Мелиса Тук добила работа во локалната црква каде има задача да им помага на свештениците, а никој не ни претпоставил дека снимала филмови за возрасни.
Поранешната порно ѕвезда Мелиса Тук (42), која заработила повеќе од милион фунти снимајќи филмови за возрасни, доби работа во црква.
Оваа русокоса го крие своето минато, како што народот би го кажал „како змијата нозете“ и во својот роден град Ипсвич се претставува како примерна жена на средни години.
Мелиса доби работа во локалната црква каде има задача да им помага на свештениците. Меѓутоа, никој не можел ни да претпостави дека новата помошничка на свештеникот имала бурно минато.
- Свештениците немале претстава со што се занимавала порано. Кога се дознало, црквата имала многу непријатности поради Мелиса, изјави пред новинарите добро информиран извор.
Според неофицијалните податоци, Мелиса во порно индустријата ја вовлекол татко и, а до сега има снимено повеќе од 700 порно филмови.
На врвот на успехот Мелиса имала шест куќи и автомобили вредни 40.000 фунти. Меѓутоа, нејзината империја почнала да пропаѓа затоа што била обвинета за изработка и дистрибуција на филмови без одобрување на Британскиот одбор за класификација на филмови. Повеќе пати изјавувала дека не се гордее на својата работа.
- Не се гордеам со тоа што сум го работела. Сигурно не би гледала такви филмови дома, никогаш. Во тоа бев исклучиво само заради пари, изјави еднаш Мелиса.
Портпаролот на епархијата во црквата каде што работи Мелиса, рече: „Епархијата не ги коментира личните прашања нити работата со која се занимава персоналот“, рече пред новинарите. |