Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
15.11.2012, 12:45
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“



На 20 ноември во Универзална, групата „Љубојна“ концертно ќе го претстави новиот проект „Љубојна Брас Фантази“, со голем оркестар и женска пејачка група

Тина Иванова

„Љубојна Брас Фантази“ е насловот на концертот, наедно и на најновиот проект и цд на македонската група „Љубојна“, што во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ ќе се одржи на 20 ноември во Универзалната сала во 20 часот. На сцената, како што кажува и самиот наслов, ќе има четиринаесет музичари од кои ќе доминира дувачкиот оркестар, како и голема женска пејачка група, кои ќе ги изведуваат бисерите на егејската музика. Концертот е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Центарот за култура на Битола.

Во духот на средоземно-морската култура и со љубов, „Љубојна“ се посветува овој пат на македонската егејска музика, откривајќи ја и доближувајќи ја големината на една пребогата и раскошна музика до слушателот. Во текот на својата кариера досега, „Љубојна“ ги пееле и изведувале егејските песни, како „Твојте очи Лено“, „Мори чупи Костурчанки“ или „Крена Мартината“, но овој пат, како што и самите велат, тие звучат сосема поинаку. Овој проект кој ќе биде претставен пред скопската пубика, својата премиера ја имаше летово на затворањето на манифестацијата „Илинденски денови“.

„Концертот ќе донесе бучна, сончева, разновидна и жива музика, со многу луѓе на сцена. Пред многу време, кога се купуваа плочи на плоштад, си купив една плоча која што ме воодушеви. Тоа беше егејска музика со дувачки оркестар. Тоа и ми беше сонот, и јас еден ден да излезам на сцена со голем дувачки оркестар кој сега ми се случува. Истражувајќи за егејската музика, таа ме потсети на маршевите на Њу Орлеанс. Овој оркестар кој ќе го види и слушне скопската публика, е една репарација на тоа што значи егејската музика. Покрај дувачите, посакав да има и осум женски вокали, кои ќе пеат заедно со пејачката на нашата група, Вера Милошевска“, рече фронтменот на „Љубојна“, Оливер Јосифовски, на вчерашниот прес, кој овој пат наместо контрабас, неговиот матичен инструмент, ќе свири добош.

Вера Милошевска, пак, истакна дека егејската музика за неа, од пејачки аспект, е голем предизвик. „Тоа е преубава медитеранска музика која во бројни нијанси се разликува од музиката на Вардарскиот дел. Секој пат ми било возбудливо да настапувам со дувачки оркестар, затоа што носи посебна енергија. Музиката има тогаш поинаков сензибилитет. Овој проект ме потсетува на брод, преполн со музика, и го носи авантуризмот на културите кои виреат и се создаваат на море. Оваа музика ми буди посебни чувства од поетска перспетива“, рече Милошевска, која на концертот во вторник, освен што ќе биде облечена во типична егејска носија, за прв пат ќе има и осмислена кореографија, односно ќе игра на две егејски ора.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност, Мирко Стефановски, потенцираше дека овој концерт е плод на добрата соработка со Центарот за култура во Битола, и е програма која комотно може да се смести и на програмата на „Скопско лето“.

Борче Димитровски, пак, директорот на Центарот за култура во Битола, истакна дека соработката со „Љубојна“ е повеќегодишна. „Оваа група која одамна функционира надминувајќи ги локалните рамки, имаше веќе премиера на новиот проект на затворањето на манифестацијата ’Илинденски денови‘ во Битола и тоа беше величествен концерт во Античкиот театар пред 3000 публика. Ова е милозвучна и енергична музика. Особено задоволство ми е што концертот ќе се случи и во Скопје“, рече Димитровски.

Инаку, музиката која што ќе биде претставена на концертот, е новото цд на „Љубојна“ кое деновиве ќе излезе за јавноста, а кое е снимено во Центарот за култура во Битола од Ален Хаџи Стефанов. Јосифовски и Милошевска рекоа дека цд-то претставува бисери на егејската музика и е еден вид на антологија која ќе биде ставена на носач на звук. што нив ги прави мошне горди. „Љубојна“ досега има издадено четири албуми

Статијата е прочитана 810 пати.

Испрати коментар



Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Музички документарни хитови на „Синедејс“
Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела



ilija, 15.11.2012 13:09:59
egejska muzika ne postoi. Makedonska muzika od juzniot del na Makedonija e podobar opis.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |