19.11.2012, 15:32 Новинарите на Би-Би-Си најавија штрајк за Божик
Новинарите во Би-Би-Си најавија одржување на штрајк за Божиќните празници, незадоволни од најновото скратување на работните места во оваа јавна, британска медиумска компанија. Претставник на синдикатот на новинарите изјави дека „луѓето се гневни“ од натамошното отпуштање од работа и се подготвуаат за гласање околу решението за штрајк.
Во гласањето за божиќниот штрајк ќе се вклучат новинарите од информативната програма на Би-Би-Си Њуз, како и нивните колеги од Азиската радио и телевизиска мрежа, потоа на Би-Би-Си Шкотланд, како и на она што остана од некогашниот Светски сервис на Би-Би-Си.
- Сите ч��вствуваме дека има потреба од спротивставување на сегашната политика и од запирање на натамошното напаѓање на врвното новинарство во Би-Би-Си, пред да биде предоцна било што да се направи, изјави генералниот секретар на синдикатот на новинарите Мишел Стеинстрит. Претставник на компанијата, меѓутоа, одби да го коментира решението за штрајк.
Божиќниот штрајк доаѓа во време на длабока криза во која се наоѓа Би-Би-Си, протресена од скандалот со поранешниот водител Џими Савил, од сокривањето на неговите бројни сексуални престапи со малолетнички, од лажните тврдења на менаџментот на комапнијата дека тие ништо не знаеле што се случува, како и од оставката на генералниот директор, кој на таа функција беше помалку од два месеци.
Најистакнатите новинари на Би-Би-Си тврдат дека станува збор за најдлабоката криза во која се наоѓа компанијата во нејзината долга историја. |