19.11.2012, 14:45 Пуштен кружниот тек во Бутел
Граѓаните на Бутел добија ново кружно коловозно решение. Меѓу улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“ е формиран кружен тек на ниво на постојниот коловоз кој содржи сообраќајна лента со ширина од 6 метри.
Средишниот дел од кругот ќе биде хортикултурно уреден. Притоа, реконтруирана е и улицата „Александар Урдевски“ која има две коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри, од страните се изградени тротоари со променлива ширoчина, две автобуски станици и велосипедска патека од 2,5 метри.
Исто важи и за улицата „Боца Иванова“ која доби две коловозни ленти од по 3,5 метри, тротоари од 3 метри и зеленило. Тротоарите на двете улици се пок��иени со бекатон-плочки, на вкупна површина од 4.910 квадратни метри.
Од Градот сметаат дека се работи за сложен сообраќаен проект кој ќе придонесе за поголем проток на возила во овој дел од Скопје, но и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
„На изградба на кружната крстосница работеа екипите на градежната фирма ’Бауер БГ‘. Во овој сложен проект Градот Скопје вложи околу 23,3 милиони денари“, рече градоначалникот Коце Трајановски на пуштањето на новото сообраќајно решение, дополнувајќи дека изградбата на кружниот тек е искористена за реконструкција на постојната водоводна мрежа и изградба на атмосферската канализација. (Б.Ш.) |