18.11.2012, 16:03 Груевски- Нова инвестиција со 500 вработувања
Нова инвестиција која ќе отвори 500 работни места во внатрешноста на државата, најави вчера премиерот Никола Груевски.
Објавата за новата инвестиција треба да ја каже инвеститорот.
„Се работи за инвестиција која ќе овозможи најмалку 500 директни вработувања, а има можност за уште една таква инвестиција во внатрешноста на Македонија од областа на производството. Се надевам дека наредниот месец инвеститорот ќе ја објави и ќе ги каже деталите“, нагласи Груевски. Претседателот на Владата посочи дека во завршна фаза е носењето одлуки за уште неколку други инвестиции. „Има уште неколку инвестиции кои се во завршна фаза за носење одлуки во други производни капацитети“, истакна премиерот. (Ек.Р.) |