19.11.2012, 12:17 Астронаутите можат да ја преживеат радијацијата на Марс
Првите мерења на зрачењето, што ги извршил роверот „Кјуриосити“, даваат надеж за идните истражувања кога луѓето ќе можат да зачекорат на Марс, бидејќи покажуваат дека астронаутите би можеле да функционираат на оваа планета, секако во ограничени временски рокови.
Најверојатно нивоата на радијација на површината на црвената планета се слични на оние во ниската орбита на Земјата.
- Апсолутно. Астронаутите можат да живеат во вакво опкружување, изјави на прес-конференција научникот Дон Хеслер од истражувачкиот институт „Саутвест“ во Колорадо.
Инструментот за проценка и детектирање на радијација (РАД) е еден од десетте на „Кјуруосити“, а целта на овој дел од мисијата на роверот е да се испита радијацијата на Марс, со цел да се дознае повеќе за минатото на планетата и да си испита потенцијалот за населување.
„Кјуриосити“ се наоѓа на Марс само три месеци и овие резултати се прелиминарни, а попрецизни информации се очекуваат на почетокот на следниот месец, на состанокот на Американското геофизичко здружение во Сан Франциско.
Новото истражување на метеоритот од Марс, кој ова лето падна на Земјата, покажува дека некогаш на црвената планета постоела вода, доволно топла за развој на живот.
Во студијата е прецизирано дека температурата на водата на марс се движела од 50 до 150 степени Целзиусови. Научниците истакнуваат дека микробите на Земјата живеат во такви води, на пример вилканските терминални извори. |