Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.11.2012, 12:34

Хамас пак го ракетираше Израел

Три ракети лансирани од територијата на Појасот Газа денеска одново го погодија израелскиот град Ашкелон, на брегот на Медитеранот, јавува британската телевизија Скај, не соопштувајќи други детали за овој напад. Ашкелон е подолго време цел на ракетните напади на силите на милитантното исламистичко движење Хамас, а во овој град се регистрирани трите цивилни жртви на израелската страна, од избувнувањето на сегашното непријателство во регионот.

Нападот врз Ашкелон кој се наоѓа најблиску до Појасот Газа, што е целосно под контрола на проиранското палестинско движење Хамас, доаѓа откако израелската Армија во т��кот на ноќта продолжи со ракетирањето на „одбрани цели“ врз оваа територија, во кои, според палестинските тврдења, главни жртви биле цивилите.

Ракети уште еднаш се испукани и кон Тел Авив, но скапиот израелски одбранбен антиракеен систем, го штити овој најголем град во Израел да биде погоден, па ракетите на Хамас завршуваат во водите на Медитеранот.

Британските медиуми тврдат дека изминатиот, петти ден од непријателствата меѓу Израел и силите на Хамас, бил досега најжесток и тој доаѓа пред денешната посета на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун на Каиро. Во египетскиот главен град се наоѓаат и турскиот премиер, како и емирот од Катар, заедно со високи дипломатски функционери на Израел и претставници на Хамас. Бан Ки-мун потоа ќе ги посети и Израел и Газа. Во обидот да се постигне прекин на огнот.

Врз Владата на премиерот Бејамин Натанјаху се врши силен притисок да не се изврши копнена инвазија врз Газа, во операција на чистење на територијата од исламистичките борци на Хамас, но се врши притисок и врз лидерите на ова палестинско движење, да „покажат добра волја за предлогот за преговори“.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг го предупреди Израел дека „ќе ја загуби меѓународната поддршка што сега ја има и симпатиите за светот, доколку изврши копнена интервенција против силите на Хамас во Газа“.

Израел му даде рок на Хамас од 36 часа за прекин на огнот

Израел му даде рок на палестинското радикално движење Хамас од 36 часа за да ги прифати условите за примирје, во спротивно операцијата ќе се прошири, соопшти израелското воено радио.

Според израелеското радио, Хамас ги поставува следните услови за траен прекин на огнот: да биде отстранета блокадата од Појасот Газа, да се отворат копнени премини, а израелската армија да го прекине ликвидирањето на активисти од движењето и да напаѓа негови борци.

Од своја страна Израел настојува ракетните напади да бидат целосно прекинати, да биде создадена тампон зона за безбедност на источната граница на Појасот Газа и да се спречи шверцот преку подземни тунели, што ќе биде гарантирано од Каиро.

Договорот за безбедност треба да предвидува две етапи: прво целосен прекин на огнот, а потоа широки преговори во врска со условите за долгогодишно примирје.

Истовремено, Израел засега не признал официјално дека негови претставници учествуваат во индиректни преговори со палестинските борци со посредство на Египет.

Според израелскиот вицепремиер и министер за стратешки прашања Моше Јалон воената операција е само една од етапите по патот кој води до мир.

- Нема да се залажуваме дека мирот ќе биде постигнат за време на операцијата, туку откако таа ќе заврши, истакна Јалон.


Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар



Нимиц доставил нови предлози?
Обвинетиот за убиството во „Биг фиш“ не го прифаќа вештачењето
Мекиците од Стража ќе се јадат и на улица „Македонија“
Гинеколози наплаќале прегледи што треба да се бесплатни
Студена клима на разговорите во Њујорк
Вредни икони пренесени во депо за да се заштитат од крадци
Царината заплени 318.000 евра
Комисијата за лустрација објави уште четворица соработници
ДУИ не провоцира, само празнува
„Аман“ доби зелено светло од Владата за потписи
(ФОТО) Иванов на терен им покажа на Груевски и на Ахмети што е соживот
Откриено дувло на проституција во Охрид
Девојката што падна од тераса се бори за живот
Масих ослободена од обвинението за палење на Куранот
Дел Понте во шок по ослободувањето на Готовина
Уапсени киднаперите на сметководителот на Берлускони
Попоски - Прерано е да се каже што ќе донесе новата рунда разговори за името
ОН да расправаат за Хашкиот трибунал
Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет
Нимиц ќе ги соочи Јолевски и Василакис
Македонија утре по десетти пат ќе се разеленува
Против смртната казна 110 земји
Светот го чекаат екстремни горештини, глад и изумирање на видовите
Санадер доби 10 години затвор
Судот во Загреб ќе ја соопшти пресудата против Санадер
Вина од Македонија претставени во Канада
Копе конечно на чело на најголемата француска опозициска партија
Еврогрупата расправа за грчкиот долг
Орав - Немав цел да навредам некого
Мечот и шлемот на Скендербег пристигнаа во Албанија
Лекарите се преместија пред Министерството за здравство
Се проширува полициската акција „Керозин“
Новинарите на Би-Би-Си најавија штрајк за Божик
ЈСП ќе го доградува крстот на Водно
Ставрески - Буџетот реален и со соодветен одговор на кризата
СДСМ - ДУИ провоцира со однесувањето во Кичевско
Пуштен кружниот тек во Бутел
Внукот на Хасан Приштина во посета на Битола
Девојка тешко повредена по пад од тераса во Тетово
Орав на консултации кај Иванов, Брисел се правда
Бензините поскапеа за денар, дизелот за 0,5 денари
Најмногу се бараат евтините кредити
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија
Кумановец со огнено оружје повреден во градниот кош
Руски фирми сакаат соработка во земјоделството
Откупот на тутунот може да почне
Охридското Езеро загадено со фософор од албанска страна
Астронаутите можат да ја преживеат радиј��цијата на Марс
Се интензивираат активностите за воспоставување подземен катастар
(ФОТО) „Сојуз“ со тричлен екипаж слета во казахстанската степа
Во Собранието почнува расправата за буџетот за 2013
Протести во Јордан по укинувањето на субвениците за гориво
Нимиц денес ќе ги одмрзнува преговорите
(ФОТО) Обама во историска посета на Мјанмар
Седум лица загинаа во сообраќајна несреќа во Германија
ЕУ забрани монета со крст
Ако си во неволја - врти 112
Георгиевски се заканува
Декемврискиот самит ја разбранува Атина
Груевски- Нова инвестиција со 500 вработувања
Нов спортски центар на местото на постојниот во Аеродром
СДСМ - Eдна милијарда евра треба да вратиме од 2015 до 2017
Нова инвестиција на „Пекабеско“
Автомобил излета, загина 21-годишен возач
Младо вино се пиеше во Кавадарци
Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
Лагард - Договорот за грчкиот долг треба да биде реален
Обама пристигна во Бангкок
Продолжуваат израелскo-палестинските вооружени напади
Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за м��ршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ситен дожд

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Водич за заштита на децата од сајбер-насилници
Се' повеќе тинејџери се жртви на педофили кои демнат на „Фејсбук“. Два случаи беа пријавени во „Меѓаши“, но бројката е д...
Светот го чекаат екстремни горештини, глад и изумирање на видовите
Ако не се преземат итни мерки против глобалното затоплување, до крајот на векот светот ќе биде потопол за 4 целзиус...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |