19.11.2012, 17:13 Ахмети се определи за игра на националистичка карта
Поставувањето на шестметарските знамиња на јарболи високи 35 метри предизвика дополнително радикализирање на владејачката ДУИ. По настанот во Слупчане, „интегративците“ ги тестираат разнишаните меѓуетничките односи
Татјана Поповска
Националистичка реторика, потези што значат обележување на територии, непочитување на Уставот и законите, заканувачки пораки дека никој не смее да им се спротивстави на Албанците, провокации кон Македонците и продлабочување на меѓуетничкиот јаз во земјава. Тоа е суштината на политиката на ДУИ последниве месеци откако министерот за одбрана, Фатмир Бесими, почитувајќи партиска задача, заедно со офицери на АРМ се поклони пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане.
Потегот што според ДУИ требаше да значи помирување на Македонците и Албанците во земјава, по конфликтот во 2001 година, предизвика дополнително радикализирање на политиката на владејачката ДУИ, поради која не само што може да се растури владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ туку може да ги доведе до сериозна криза и меѓуетничките односи.
Експертите се децидни дека последниот потег на ДУИ со поставувањето на шестметарските знамиња на јарболи високи 35 метри во кичевските села Грешница и Колибари и пораката на Али Ахмети дека „ова знаме ќе се вее со векови и секој злонамерен што ќе се обиде да го приземји знамето треба да знае дека не смее да се осмели да го направи тоа, затоа што нема да го дозволат Албанците“, претставува буквално обележување територија и знак на непочитување на Уставот и државата во која живеат.
Професорот Јове Кекеновски оценува дека ДУИ последниов период станува се' поагресивна и „на еден перфиден, мирен начин продолжува да работи на освојување територии“. Излезот од ваквиот национализам на ДУИ тој го гледа во распишување предвремени парламентарни избори, но потенцира дека победничката партија сама треба да го избере коалицискиот албански партнер, независно дали ДУИ освоила најмногу гласови или не. Најважно треба да биде таа партија да го почитува Уставот.
„Со секој нов ден во Владата ДУИ се' повеќе не ги почитува институциите на системот, гради свој систем во кој ние, Македонците, немаме апсолутен пристап или влијание. Затоа премиерот Никола Груевски мора да се справи со ова однесување на ДУИ и на Ахмети, зашто во спротивно ќе ја изгубиме државата“, оценува Кекеновски.
Вина за влошувањето на меѓуетничките односи во државата и за зголемување на тензиите во општеството Кекеновски гледа и во одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесе законот за бранители како реакција на настанот во Слупчане. Тој повторува дека уште тогаш Груевски требало да покаже кој е прв човек во власта и да го разреши Бесими.
Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби, тврди дека ниту знамето ниту пораката на Ахмети не се провокација за Македонците. Тој порачува дека Македонците треба да им се придружат во прославата на 100-годишнината од албанското знаме, да им го честитаат празникот и да покажат поголема толеранција, затоа што ова е значаен празник за нив.
„Знамињата во Грешница и во Колибари се поставени со одобрение на Општина Зајас. Тие не се наоѓаат пред институции за да мора до нив да има поставено македонско знаме. Ова знаме има симболично значење, тоа е декоративно, не претставува ниту држава ниту институција. Што треба ние да кажеме ако за годишнината за осамостојување на државата се појави карта од Македонија во чии граници има делови од Албанија“, прашува Груби.
Од ДУИ најавуваат дека наредниот период ќе се постават уште вакви знамиња, а не е исклучено за прославата да го постават и 500-метарското албанско знаме за кое се' уште бараат локација. Во контекст на прославата на годишнината од албанското знаме, викендов во селото Радуша беше подигнат споменик на Адем Јашари, припадник на ОВК во Косово.
Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека ДУИ, но и ВМРО-ДПМНЕ се влезени во предизборна кампања за локалните избори и затоа последниов период прават потези како што е Слупчане, поставувањето на знамињата или, пак, предлагањето на законот за бранители. Тој тврди дека наредниот период треба да очекуваме уште такви потези.
„Потегот на ДУИ може да се толкува како провокација кон Маке��онците. Но, мора да се констатира дека и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во кампањата се однесуваат исклучиво и внимаваат само на своите гласачи. Мене ме загрижува пристапот на двете партии, кои бараат ’лесни‘ гласови што се привлекуваат со меѓуетнички тензии наместо со сработеното и со концепти“, вели Муслиу.
Тој не се сомнева дека двете партии во иднина без проблем ќе седнат на маса и ќе најдат заеднички јазик, потсетувајќи дека пред да ја формираат коалицијата имале многу повеќе несогласувања отколку сега.
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски за „Утрински“ изјави дека за поставувањето на знамињата нема да интервенираат бидејќи нем место за кривично гонење. „Законот за употреба на знамиња ја регулира оваа материја. Тука може да стане збор само за прекршочна пријава, а не и за кривична“.
За опозицискиот СДСМ не е логично владините партнери да функционираат перфектно за тендерите и за министерските фотелји, а само за меѓуетничките односи да не можат да се разберат меѓу себе.
„Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја покажат истата сложност и соработка и за меѓуетничките односи. Пред да стане доцна, нека седнат и нека најдат заедничко решение за сите чувствителни прашања и проблеми кои самите ги предизвикаа. Стабилните меѓуетнички односи се еден од столбовите на македонската држава“, порача потпретседателот Гордан Георгиев.
Во Рамковниот договор нема прецизни одредби околу употребата на албанското знаме, туку упатува на Законот за употреба на знамињата на заедниците. Во него стои дека албанското знаме не може да се истакнува во отсуство на државното - и тоа знамето на заедницата да биде една третина од големината на државното. Од МВР велат дека немаат надлежност да ги симнуваат знамињата. Може да интервенираат само доколку надлежна институција донесе одлука за тоа и побара соодветна реакција од нив.
Молк во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ Во ВМРО-ДПМНЕ вчера не ја коментираа последната провокација од нивниот коалициски партнер ДУИ со кој последниов период имаат сериозни несогласувања. Одговор дали поставувањето на знамињата, настанот во Слупчане, преименувањето на чаирските училишта... ќе значи дополнително продлабочување на несогласувањата во Владата, дали ќе има соодветна реакција и дали ќе се отстранат знамињата не можеше да се добие ниту од владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој не одговараше на телефонските повици.
Единствена официјална реакција е изјавата на премиерот Груевски, кој викендов најави дека ќе провери дали поставувањето на знамето е во согласност со Рамковниот договор и дали поставувањето таков јарбол е законски.
|
|
Статијата е прочитана 5053 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 20.11.2012 00:06:08 | Hehe... zarem znae da igra i na nekoja druga karta? |
| jovan, 20.11.2012 00:06:43 | Dosta se lazete sebe si a i drugite. Ahmeti ne igra na nacionalisticka karta. Toj jasno i glasno pokazuva sila, dodeka oponentot (drzavata Makedonija) jasno i glasno pokazuva nemok. Sto e tuka nejasno, neznam. Site onie predhodni testiranja so tepanje po avtobusi, rusenje i diveenje na Kaleto, Smiljkovci, Slupcane... seto toa bese eden test da vidat na kakov otpor ke naidat. Naidoa na nikakov otpor. Sega slobodno ke si pravat sto sakaat. |
| EU, 20.11.2012 01:19:25 | Dali gospodinot Ahmeti nekogas bil vo Republika Albanija. Dokolku patuval, sigurno zabelezal deka graganite vo taa drzava ne veat znaminja, osven za drzavni praznici, tuku se zanimavaat so zabrzan stopanski razvoj na drzavata. I toa se gleda na sekoj cekor, preku novata infrastruktura, moderniziranite gradovi, obrazuvanite i ljubezni luge, kako i golemiot broj stranski investitori. |
| Zakon, 20.11.2012 05:20:23 | Terrorists ne se zanimava so normalno raboti otäck Tomas nese terrorists. |
| ФЕЛИКС, 20.11.2012 07:40:49 | Ако некој игра на картата на национализмот на подареното нешто со законот за територијална распределба,тогаш власта (онаа од македонскиот дел)треба да игра на картата на почитување на законите.Но таа карта никогаш нема да види ,,бело видело,, поради коалициските интереси.Е таа карта ја гледаме постојано за овие 20год.и таа е најголемиот адут за меѓу партиско функционирање а често на штета на државните интереси.А сето ова го гледаат странските кибицери,кој за ова не реагираат ама реагираат кога нашето казино треба да ја смени фирмата,па во таа насока и на вработените им го менуваат името.Во ова казино добиваат едни моментално ,а губат сите трајно.А делителот на картите нема појма какви отворени карти поделил,гледа а не реагира кога едниот карташ вади постојано фалш карти од ракавот. Со вакви картишки однесувања казиното е на пат да претпи сериозна штета,од која штета тешко оди опоравувањето на заедничкото казино. |
| analiticar, 20.11.2012 08:15:34 | dodeka pravoslavieto ne se obedini i vzaemno pocituva,ovaj kancer ke opstojuva,popovi lopovi,srebroljubci pravoslavci osvestetese.... |
| Кичево, 20.11.2012 08:36:26 | во западна Македонија одмана не постои владење на правото и правна држава, централната власт ја има испуштено овој дел од РМ, тука постојат посебни правила, закони и норми ... Кичево стои фигуративно македонски градоначалник, инаку главните тендери во градот ги имаат блиски љуѓе на ДУИ тоа е вдливо на секој чекор а е договор на ценрално ниво меѓу ВМРО и ДУИ, има секојдневно вработување по државните институции партиски нестручни кадри кои ништо не работат а кои одговарт пред се на партијата а не на работодавачот, толку голем замав земаат последниве 3-4 години што македонците се манијаризирани , потиштени, загорзени и не заштитени, па затоа масовно се напушта градот по некоја последна статистика околу 3000 лица македонци земале промена на живеалиште , се продават недвижнини, Ваквата политика која се води од осамостојувањето
ОДИ КОН ИЛИ ВЕЈЌЕ Е “ КОНСОЦИЈАЛНА ДЕМОКРАТИЈА “ која може да води кон интерна ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, или ОТЦЕПУВАЊЕ на делови - под итно мора ова да се пркине |
| Miki, 20.11.2012 09:13:24 | Se razbira, Gruevski ke proveri, a potoa..! A dodeka toj ,,proveruva,, Albancite si go postavija Hasan Pristina, i Adem Jasari, i 30-metarskite znaminja (eve i 50-metarsko spremale)!?! A Grujo ,,proveruva li proveruva,,!! Me cudi samo ima li barem nekoj vo toa DPMNE sto ima hrabrost kako Jove Kekenovski da mu kaze deka duri toj da ,,isproveri,, otide Makedonijava? Ili site na kupce imaat samo edno vo umot - daj da zdrpam i denes kolku mozam - a utre drug neka mu ja misli! Ova se poveke lici na dogovor megju Ali i Nikola - tebe parite mene drzavata! |
| Alek, 20.11.2012 09:26:46 | Ahmeti po logika na nestata si go sledi svojot partner Gruevski. Negledam pricina zosto mu se lutime zatoa sto bese umeren se dodeka Gruevski ne pocna da igra na kartata na nacionalizmot. Gledam mnogu ni preci albanskoto zname a ne ni preci spomenikot na Todor Aleksandrov i dr. kvazi gluposti koi gi pravi Gruevski. Sto si gotvime toa i ke si srkame. |
| Gostivar, 20.11.2012 09:28:11 | Се додека се држи народот во СЛЕПИЛО и МАЛОУМНОСТ (како Македонскиот така и Албанскиот) секогаш ќе палат ваквите потези. Македонската држава е распарчувана се со цел целосно да се уништи и да не постои. Притиснати од сите страни цело време се обидува Македонскиот народ да опстои.
Проблемот е што Македонците не се сложни и патат од комплекс и АЛЧНОСТ. НИКОГАШ ама баш никогаш не видовме ИСКРЕНИ национални заеднички потези и ставови на СДСМ и ВМРО. Секогаш некој се обидува секоја состојба да ја искористи за додворување на народот мислејќи дека така ќе го подобри рејтингот не обрнувајќи на ФАКТОТ дека Македонија ја сочинува народот и територијата, особено западна Македонија каде е изворот на ВАРДАР, изворот на чист ВОЗДУХ и ВОДА.
Власта преку МВР само знае да демонстрира сила преку ХОЛИВУДСКИ акции и гонење на ситни криминалци преку пријави и тортури за грам прекршоци и дела правејчи животот во државава да не е МЕК и ЛЕСЕН, туку тежок и преполн со искушенија.
Господ нека ни е на пом |
| Saso, 20.11.2012 09:45:01 | Pozdrav do site koj ne izlegoa na referendumot protiv teritorijalna podelba na Makedonija 2004,ova zname sega go veete vie a ne Ahmeti.Sto mislevte deka ke postignete ne iskacajki? Ova vi e ostavstina od SDSM 2004 Buckovski premier Branko pretsedatel.A Kicevcani neka glasaat pak za niv vo nedogled. |
| Alter, 20.11.2012 10:19:14 | Albancite porano testiraa do kade mozat da odat, sega veke vidoa deka nema koj da im zastane na patot. DRPMNE nema kapacitet da ja brani drzavata i nejzinite nacionalni interesi. |
| Трпе, 20.11.2012 10:31:03 | За лични интереси на лажно патриотската власт,земјичето ни ојде курбан.Нека продолжат лажните патриоти да собират поени што правел Бранко во Гостивар и Тетова.Наивниот народ нека се радува на фрленото ковче и на портокаловите очила кои и прикажуват виртуелна слика. |
| srebre, 20.11.2012 10:31:29 | koga se postavija alb znaminja vo gostivar pred opstina sds tepase i vi zatvor go stavi gradonacalnikot a sega patriotskata vmro otvoreno go predade kicevo na albanci i pokraj toa sto tamu albanci se 30% a sto togas ostanalo od tetovo i gostivar? |
| Dil, 20.11.2012 13:26:33 | Albanskiot ekstremizam i radikalizam i makedonskiot patriotizam se predizborni igri na koalicionite partneri vo vlasta. |
| kavadarcanec, 20.11.2012 14:35:20 | nie se lutime na orav sto ne narekol slavo makedonci,a vamu otide drzavata.nie se borime za imeto a Albancite ni ja zedoja pola drzava.Napred patrioti od bedem. |
| orka, 20.11.2012 14:56:36 | Konecno i poslednite pacifisti sfatija deka Ali Ahmeti ne e nikakov demokrat, tuku zestok nacionalist koj se borel, se bori i ke se bori za teritorii, a ne za prava.
Deka Albancite vo Makedonija ne gi interesira zaednickata drzava, tuku samo ispolnuvanjeto na nivnite nerealni baranja.
|
| Nekoj, 20.11.2012 15:53:48 | Indiferentnosta na Makedoncite moze da se vidi i pocuvstvuva na sekoe pole vo Makedonija.Albancite za dzabe vodea vojna, dovolno bese samo da se stavi zname, da se isteraat Makedoncite i drugite od tie kraista na raat,i opa golema albanija.Poleka ,no sigurno tie si ja obelezuvaat teritorijata.Drzavata Makedonija, odnosno, organite spijat i uzivaat, bidejki onaa, abe aj sea li najde da me prakas tamu da zavrsam rabota e poslatka od se.Kako sto trgnalo, ke bideme vtora Palestina na svetot.
Neverojatno, ova go nema nikade, ama bas nikade na ovoj bel svet.Drzavata se razgraduva, a Makedonskiot Bblok na politicari se zanimava so tepanje prazna slama.Ama toa e toa koga se nema nacionalno cuvstvo. |
| Kojco, 20.11.2012 20:29:03 | Grujo ke proveri..........I STO POTOA.......i pak ke proveruva....i pak ke proveru so sudski metodi isto kako ucilistata vo Cair..........pak ke se pojavi deteto Pance Kralev i ke podnese prekrsocna prijava......i pak ke se proveruva....hahahahaha |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Делумно облачно
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 5°C
|
Среда
Претежно обл��чно
Макс: 14°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (12)Докто��ите на Тито во колиба.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|