Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.11.2012, 17:11

Орав на консултации, Брисел се правда

Македонскиот државен врв бара објаснување од евроамбасадорот за користење на терминот Славомакедонци. „Погрешно сте разбрале“ - велат од кабинетот на комесарот Филе. „Орав не држел говор, туку само дискутирал“

Слободанка Јовановска


Претседателот Ѓорге Иванов вчера го повика евроамбасадорот Аиво Орав на итни консултации, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“ во неговиот говор пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Според извори во кабинетот на македонскиот претседател, Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да му се извини на македонскиот народ и да изрази почит кон основниот принцип на самоопределување и самоименување.

Со реакција вчера се јави портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, Петер Стано, според која Филе бил погрешно интерпретиран во интервјуто за Ројтерс во кое стоеше дека мнозинскиот народ во Македонија го нарекол „словенско население“.

„Интервјуто на комесарот Филе за Ројтерс беше погрешно толкување на дискусија. Позицијата на Комисијата наспроти вашата земја е јасно утврдена во најновиот извештај за напредокот и нема ништо ново што да се додаде“, изјави портпаролот Стано.

Дополнително, Стано во изјава за нашиот весник вели дека терминот „славомакедонци“ бил користен за време и во контекст на вербална дискусија. Тоа не беше политичка изјава и не изразува никаква политичка позиција, изјави вчера Стано за „Утрински весник“. Тој најави дека амбасадорот Орав сам ќе излезе во јавност да го образложи својот настап во ЕП.

Како подметнување, ставањето на неговото име во контекст на неупотребата на зборот „македонски“ го нарече вчера и екс амбасадорот Ерван Фуере, со порака дека новинарите што го прават тоа ги служи селективна меморија, односно го критикуваат по инерција. Фуере потсети дека тој, додека амбасадоруваше во Македонија, никогаш не го употребил термин „славомакедонци“ ниту пак го употребил името БЈРМ, туку Македонија, и тоа само кога зборувал на официјални меѓународни состаноци.

„Јас секогаш го нарекувам македонскиот јазик македонски, Македонците како Македонци за што често бев повикуван од грчките власти. Ова е уште еден обид на вашата влада да го сврти вниманието од вистинските проблеми“, изјави вчера Фуере.

Постапката на Орав претходно ја осуди и Владата со соопштение, а вчера Орав беше примен и во Министерството за надворешни работи иако поводот не е сигурен.

„Со ваквиот однос не се придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед. Изразуваме силно несогласување, протест и осуда на тоа. Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот ’македонски’, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот ’славомакедонци“, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање. Со овој однос, свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата ЕК ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на ОН“, стоеше во реакцијата на Владата.

Инаку во последниот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија, беше избегната употребата на македонски јазик, нација и народ, а придавката „македонски“ беше употребена само за именување на Владата и институциите.


Статијата е прочитана 1512 пати.

Испрати коментар



Колку би гласале за Народна и за ЛДП
Ахмети се определи за игра на националистичка карта
Има политичка волја за прочистување на Избирачкиот список. ДИК не смее да избрише 130 илјади граѓани со право на глас
ДОМ на Лилјана Поповска ни ваму ни таму
Кои се недостатоците на новиот Закон за азиланти?
Трите пратенички места од дијаспората на тест пред Уставен



пријател, 20.11.2012 06:35:38
Точно е.Ние сме Македонци,потомци на Словените,на Јужните Словени,на македонските словени,на славомакедонците,на оние кои во антифашистичката војна створија своја национална држава.Тоа никому не му пречи,ниту на Грција,туку само на ВМРО-то на Груевски.Името ни`е Македонци,а презимето Словени,Јужни Словени,македонски Словени,Славомакедонци,и што е битно дали некој не`нарече по име или по презиме.Не постои никакво право на „самоопределување“и„самоименување“кое дозволува некој народ да се претставува за она што не е.Не може владата на Груевски да го „самоопределува“и„самоименува“нашиот народ како потомок на античките македонци,кога ние сме потомци на Словените.Зошто да се срамиме од своето потекло,од своите дедовци и татковци?
Коста Стоименовски, 20.11.2012 08:13:58
Во Македонија, за жал, се е поставено наопаку, па и дипломатската практика! Во сите земји демаршите, протестите и незадоволството од постапките на други земји, личности и/ли организации, вообичаено се изразуваат преку МНР, така што за секој случај се одредува нивото на кое ќе се реагира! Само во РМ тоа се прави преку Владата и Шефот на државата, а МНР како да не постои!? Наместо сериозно и одговорно да пристапи кон дефинитивно надминување на дводеценискиот спор околу името со Грција, актуелната власт, поради домашни/изборни потреби, со разни непромислени и контраверзни активности, истиот постојано го продлабочуваше и комплицираше, со што додатно си го натовари и проблемот „добрососедски односи.“! Меѓутоа, власта бесрамно се обидува вината за тоа да ја префрли на опозицијата, односно на „предавниците“ и „грчките платеници“! Тоа уште еднаш ја потврдува народната: „Кој сее ветер ќе жнее бура.“ Власта самата се доведе во ситуација во свои раце да го земе жешкиот костен!
Васко К. Битола, 20.11.2012 08:28:06
Ама ние ќе го сватиме Орав, само ете ни каже која е бројката што му ја обетил Самарас, (бројка која означува европска валута која ја заслужил).
Ruzica, 20.11.2012 09:11:41
Mnogu brgu se unovci ovoj! Kako moze toj da upotrebuva izmisleno ime na edna nacija na zatvorena sednica ,,demek,,. Togas predlogot za dvojna formula e ,,ok,, pocnal da ja primenuva. Za site sme makedonci, a za nego i grcive i toa na zatvoreni sednici sme ,,slavomakedonci,, Uaaa! za Orevcevo
Никола, 20.11.2012 09:51:49
Естонците никој не ги вика Финоестонци. Дволичњаци европејски...
jovan, vlada @, 20.11.2012 09:59:03
Мислам дека веќе народот се навикна на двојните стандарди кога се работи за било кој амабасадор до сега во Македонија од ЕУ.Дали било тоа Фуере,Петерсен,Орав и слични на нив секогаш е едно исто,кај нас едно во Брисел или во Грција кога одат друго,нема тука ние што да се лутиме на нив,они си се држат до ставот само кај тука малку ни глумат,знаат дека кога ќе кажат Македонија во медиумите им се придава значение како да ја отркиле Америка џанам мислиш!Но пред се да не должам ми се допадна острата реакција на преседателот Иванов,достав веќе преќутувавме и се праевме наудрени и голтавме гнедли,ама што е доста доста е.Нека каже ЕУ другарчиња ние вакви какви што се не ве сакаме,ако направите како што ќе ви каже Грција и промените име и нација,јазик и најважно идентитет на вас тогаш ви се отвараат рајските порти на земјата. Абе фала на таков „Рај“,ќе поживеам ако треба и во пеколот ама знам дека сум се родил и ќе умрам како МАКЕДОНЕЦ!!!!! P.S Само на кој да му кажеш,овие од опозицијата се...
rajna, 20.11.2012 10:27:59
mak seuste zivee kako vo komunizmot,diplomat na preslusuvanje kaj pretsedatel toa go imase samo vo sovetski sojuz i varsava pagtot duri go nemase ni vo yu...videte vo site knigi za lingvistika na slovenski jazici ce videte sekade pisuva slavomakedonski dur i nasata azbuka poteknuva od grci i e sozdandena da gi pokrsti slomenite pa neli i kliment i naum se vikat slovenski prosvetiteli pa sto ima sporno?vmro vrska nema od istorija.
pile, 20.11.2012 10:57:14
Dali ovaa e oblandirana celofan politika so elementi na soocesnistvo vo velepredavstvoto na Drzjavnite interesi na Vladata na Gruevski orkestrirana od EU na koja se navlece Pretsedatelot na Drzjavata nabrgu ke vidime.A se nazira so samoto molcenje i nemanje nikakva reakcija od celosniot Drzjaven vrv, a ne pak upatuvanje na protestna nota do kancelarijata za vrski na R.Grcija, za izjavata na G-din Papuljas deka R.Srbija i R.Grcija se sosedni zemji, pri posetata na ponudeniot olesnuvac Pretsedatel na R.Srbija G-din Nikolik.Vo sto e oblandata so vrakanje na golema vrata preku evropretstavnikot na EU vo R.M.i vrakanje na identitetskite prasanja,odgovorot e jasen eve postignavne kompromis Makedonci so makedonski jazik od Republika Makedonija (Vardar), ne sme slavomakedonci.VELEPREDAVSTVOTO RE NA POVIDOK,R.Makedonija na noze,Gruevski ODDi SI.Se kti nokta crna ...
Istocna Makedonija, 20.11.2012 13:28:47
Ic ne me gajle sto edno nalickano diplomatce taka ne nareklo.Nie sme Makedonci!Nisto drugo.
Ајван Доктор®, 20.11.2012 13:31:30
Дали некој ни го менува идентитетот со изјавата дека овде има „претежно словенско население“и со изјава дека тука има Славомакедонци,или,пак,идентитетот ни го менуваат оние кои тврдат дека грчките богови и божици биле Македонци од Олимп?!Дали Грците имаат претензии кон словенски територии,или нам ни „останал најголемиот етнички дел“во Егејот?Пописот на Хилми паша посочува дека поголемиот дел од населението(27,30%) во Македонија се Грци,наспроти Муслимани (41,71%),а во Солун „е наш“доминираат Евреи,па Грци!Грците признаваат Славомакедонци,а со тоа би се решило и прашањето за Егејците,но за жал тие тврдат дека светот и неговата култура потекнуваат од нив!Зошто би им се лутеле на Грците,на Орав и Филе (и на сите останати)за тоа што не нарекле Словени?Зарем јазиков на кој пишувам е антички?Црноризец Храбар,пишува дека Константин Философ ги создал „по чиноу гръчьскыхъ писменъ,ова же по Словеньстеи речи!Зошто секогаш некој друг ни е виновен?
BHC, 20.11.2012 16:16:07
Samo taka PRIJATELE,i jas sum so tebe,Sme bile i ke bidime Makedonci,sme bile i ke bidime Slavomakadonci od pamtivek i ne se sramime od toa shto sme,i ne se lutime shto ne narakuvaat so nasheto vistinsko poteklo.Neka se lutat novokomponiranite antichki vnuci na Aceta Megaloto.Nie sme vo mnozinstvo,samo treba da bidime mnogu poglasni i da gi nadvikame tie samonareceni vnuci na Aceta,da go poddrzime Orav shto ne narekuva so nasheto vistinsko ime,da znae deka netreba da mu se izvinuva na mnozinstvoto od Mak.narod.Ako saka,mozi da im se izvini samo niv....no i nemora.
nacional-patriot, 20.11.2012 17:09:07
Makedoncite imaat anticko i slovensko poteklo.Na drugi nekoi denesni slovenski narodi im lici dodavkata slavo.Bidejki tie se so pocisto slovensko poteklo,neka se imenuvaat kako Slavosrbi,Slavocesi,Slavorusi,Slavopoljaci...Im se pocituva nivnoto etnicko,pa mora birokratite od Brisel da go pocituvaat i etnickoto na Makedoncite.Narodite segasni od germanskata grupa neka se vikaat Germanoanglicani,Germanosvegjani,Germanodanci.Segasnite narodi od romanskata grupa neka se vikaat Romanofrancuzi,Romanoitalijanci,Romanospanci,Romanoportugalci.
Kojco, 20.11.2012 20:39:21
I sega sigurno Orav se trese od strav,,,,ne moze nikoj da go smiri od strav.......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Нед��ла
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |