27.11.2012, 16:35 Американците потрошиле 1,5 милијарди долари во Сајбер понеделникот
Годинава за време на Сајбер понеделникот Американците имаа можност да купуваат на попуст апсолутно се', од облека до технички уреди
Американците се' повеќе се насочуваат кон купувањето преку Интернет, а ова особено дојде до израз за време на таканаречениот Сајбер понеделник, кога беа понудени големи попусти.
Според проценките Американците потрошиле над 1,5 милијарди долари за онлајн купување, што е скок од 20 проценти во однос на претходната година, јави телевизијата „Фокс њуз“.
Карактеристично е зголемувањето на онлајн ��упувањето преку смартфони и таблет уреди, каде е забележано зголемување од 11 проценти.
Сајбер понеделникот е основан во 2005 година, а годинава жителите на САД за време на Сајбер понеделникот имаа можност да купуваат на попуст апсолутно се', од облека до технички уреди.
Модните компании понудија попусти од 30 проценти, додека компаните за играчки дадоа попуст од 40 проценти на целокупниот асортиман, телевизори од 50 инчи се продаваа по цена од 500 долари.
Цените на сите таблет уреди, исто така, беа намалени од 20 до 100 долари, во зависност од моделот. (Ек.Р.)
|