28.11.2012, 10:20 Хакери украдоа информација од МААЕ
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека информација украдена од нејзин поранешен сервер била објавена на хакерски сајт оваа недела и оти презема мерки за заштита на компјутерските системи.
МААЕ прецизираше дека украдената информација содржела податоци за контакт со експерти, кои работеле за неа. Информацијата била украдена од сервер, кој неодамна бил затворен.
МААЕ не посочи кој го извршил хакерскиот напад. |