28.11.2012, 12:37 Голи активистки во Конгресот на САД
Три активистки за борба против СИДА-та, кои изјавија дека сакаат да ја покажат „голата вистина“ од штетите од намалувањето на средствата во програмите за лекување на болеста, беа уапсени, откако се соблекоа во фоајето на канцеларијата на Џон Бејнер - претседатател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Трите жени на своите тела имаа напишано „Скратувањата на трошоците за СИДА убиваат“ (AIDS cuts kill) и беа фатени за раце со четворица мажи, кои исто така беа разголени.
Трите активистки беа уапсени, а разголените мажи успеале да заминат.Еден од демонстрантите, 26-годишниот Мајкл Тикили од Њујорк, изјави дека е носител н�� вирусот на СИДА и зависи од програмата на „Медикејд“ за своето лекување.
|