28.11.2012, 13:46 На Штрос Кан му местат дека бил макро
Француски суд ја одложи постапката за донесување одлука по тоа дали на поранешниот прв човек на Меѓународниот моентарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан ќе му се суди по обвиненија за подведување. Обвинителството наведе дека Апелацискиот суд во францускиот град Дуе обелоденил дека одлуката ќе биде донесена на 19 декември.
Обвиненијата се поврзани со секс забави одржани во луксузен хотел во северниот град Лил. Адвокатот на Строс-Кан сака случајот да биде отфрлен, посочувајќи дека неговиот клиент не знаел дека некои од жените биле проститутки.
Ова е единствениот случај со кој поранешниот прв човек на ММФ се соочува во Франција. Строс-Кан (63) се очекуваше да стане претседателски кандидат на социјалистите пред да биде уапсен во мај 2011 година во Њујорк, по обвиненијата за обид за силување на хотелска собарка. Американските обвинители ги отфрлија кривичните обвиненија, иако наводната жртва, Нафисату Дијало покрена граѓанска парница во која тврди дека била сексуално нападната.
Дружењето се со проститутки не е против законско дело во Франција, и Строс-Кан призна дека бил на некои од забавите со жени. Но, правниот тим на Строс-Кан наведува дека тој не знаел оти тие биле проститутки и дека нема докази што би го поддржале таквото формално обвинение за подведување. „Ние бараме оваа истрага да биде поништена врз основа на фактот дека нема доволно основи што тоа би го поддржале“, вели адвокатот на одбраната Ришар Малка.
Строс-Кан, кој наводно презема чекори да се пронајде себеси како добро платен консултат и говорник на конференции, наведува дека властите се обидуваат да „ја криминализираат страста“. Другите случаи против него веќе се отфрлени.
Минатиот месец француските обвинители ја завршија истрагата по тврдењата за „групно силување“ во хотел во Вашингтон откако жената која ја даде изјавата ги повлече своите докази. (Би-Би-Си) |