Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.11.2012, 16:18

Декемврискиот самит ја разбранува Атина

Грчките медиуми тврдат дека македонската влада и Филе се обидуваат да преместат земја и небо за членките на ЕУ во декември да дадат зелено светло за Македонија

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина – Грција засилено работи на подготовките на декемврискиот Самит на ЕУ на кој ќе треба да се соочи и со предлогот за одобрување датум за пристапните преговори за Македонија. Грчките медиуми оценуваат дека мнозинската поддршка на државите членки на ЕУ за предлогот на еврокомесарот Штефан Филе Македонија да добие датум без решен спор со Грција ќе го стави премиерот Андонис Самарас во незгодна позиција да мора да искористи вето. Весникот „То вима“, пренесува дека Самарас за ситуацијата со Македонија разговарал тет-а-тет и со првиот човек на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо. Едно од главните прашања за кои во Грција се бара одговор е какви се гаранциите за неа доколку даде зелено светло за датум за Македонија во декември. Медиумите во Грција пренесуваат една клима на вознемиреност во редовите на грчката влада за предлогот на Фуле и поддршката која ја има од некои држави членки. Иако се зборува дека заткулисно Европската Комисија и Парламентот ја уверуват Грција дека доколку биде одобрен датум во декември, македонската влада ќе омекне и ќе биде полесна за преговори за името, во Грција не веруваат дека премиерот Никола Груевски и со добиен датум ќе стане поконструктивен и покомпромисен соговорник на преговарачката маса.

Грчките медиуми се' погласно коментираат дека македонската влада и комесарот Филе се обидуваат да преместат земја и небо за државите членки на ЕУ во декември да дадат зелено светло по четири години препораки од Комисијата за датум за пристапни преговори за Македонија. Се шпекулира дека доколку биде даден датум, тогаш веројатно преговорите би започнале од втората половина на 2013 година. Весникот „Прото тема“, пак, посочува дека за предлогот на Фуле лобира на големо и Велика Британија. „Заговор на Англичаните за Скопјаните“, е насловот во весникот , кој пишува дека мнозинството на држави-членки на ЕУ не се против предлогот на Филе и се согласуваат дека треба да се донесе одлука која ќе разграничи некои основни приоритети кои Македонија ќе треба да ги задоволи за да може да започнат преговори со ЕУ.

„То вима“ забележува дека Филе не објаснува една клучна работа за Грција: колку долго ќе трае раната фаза во која би морало да се реши името доколку Македонија во декември добие датум со услов за решавање на спорот и какви се гаранциите за Грција доколку таа даде зелено светло за овој предлог. Еврокомесарот веќе неколку месеци е на постојана критика од грчката страна и грчките медиуми, поради неговото инсистирање Македонија да почне претпристапни преговори без решен спор за името. Според весникот „Вима“, пак на средбите на Филе во Атина владеела студена и затегната клима без да има ракување за некаков договор. Филе инсистирал Атина да даде согласност и не се предомислил ни по аргументите кои ги изнеле шефот на дипломатијата Димитрис Аврамопулос и заменик министерот за надворешни работи, Димитрис Куркулас.


Статијата е прочитана 1902 пати.

Испрати коментар



Орав - Немав цел да навредам некого
Мечот и шлемот на Скендербег пристигнаа во Албанија
Лекарите се преместија пред Министерството за здравство
Се проширува полициската акција „Керозин“
Новинарите на Би-Би-Си најавија штрајк за Божик
ЈСП ќе го доградува крстот на Водно
Ставрески - Буџетот реален и со соодветен одговор на кризата
СДСМ - ДУИ провоцира со однесувањето во Кичевско
Пуштен кружниот тек во Бутел
Внукот на Хасан Приштина во посета на Битола
Девојка тешко повредена по пад од тераса во Тетово
Орав на консултации кај Иванов, Брисел се правда
Бензините поскапеа за денар, дизелот за 0,5 денари
Најмногу се бараат евтините кредити
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија
Кумановец со огнено оружје повреден во градниот кош
Руски фирми сакаат соработка во земјоделството
Откупот на тутунот може да почне
Охридското Езеро загадено со фософор од албанска страна
Хамас пак го ракетираше Израел
Астронаутите можат да ја преживеат радијацијата на Марс
Се интензивираат активностите за воспоставување подземен катастар
(ФОТО) „Сојуз“ со тричлен екипаж слета во казахстанската степа
Во Собранието почнува расправата за буџетот за 2013
Протести во Јордан по укинувањето на субвениците за гориво
Нимиц денес ќе ги одмрзнува преговорите
(ФОТО) Обама во историска посета на Мјанмар
Седум лица загинаа во сообраќајна несреќа во Германија
ЕУ забрани монета со крст
Ако си во неволја - врти 112
Георгиевски се заканува
Груевски- Нова инвестиција со 500 вработувања
Нов спортски центар на местото на постојниот во Аеродром
СДСМ - Eдна милијарда евра треба да вратиме од 2015 до 2017
Нова инвестиција на „Пекабеско“
Автомобил излета, загина 21-годишен возач
Младо вино се пиеше во Кавадарци
Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
Лагард - Договорот за грчкиот долг треба да биде реален
Обама пристигна во Бангкок
Продолжуваат израелскo-палестинските вооружени напади
Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено се��иштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



Mark, 18.11.2012 17:38:10
Nema da ima datum za pregovori coveci! Za neupatenite - sekoj dopolnitelen pritisok vrz Grcija vo odnos na Makedonija posle teskite *austerity measures* sto i bea nametnati ke znaci momentalen (*sekundaren* he he) pad na nivnata vlada! A sto toa ke znaci za Evropa moze da zamislite? Zatoa podgotvete se za novite situacii po 10-ti, ke bide interesno!.p.s. 30-metarski jarboli so albanski znaminja vo Kicevo - airlija!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |