15.11.2012, 15:34 Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Основниот суд во Струга го прогласи за виновен 32-годишниот Цвете Вранишкоски за несреќата што се случи пред две години на летниот шанк „Пливалиште“ во која загинаа тројца негови сограѓани и му изрече затворска казна во траење од три години.
Второобвинетиот во овој случај Климе Миладиноски и третообвинетиот Гоце Јанески се ослободени од обвинението поради немање материјални докази. Со пресудата заврши судскиот процес за трагичната смрт на лекарите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и Јонче Кувенџиески кои на 11 септември 2010 година ги загубија животите како последица на струен удар на отворениот шанк. |