Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
16.11.2012, 12:55
Прва победа на Њујорк во Сан Антонио по 9,5 години



Никси славеа со 104:100, останувајќи и по шестиот меч единствен непоразен тим во НБА сезонава

Дефинитивно оваа сезона нема шега со Њујорк, кој тоа го покажа и во шестиот натпревар сезонава, славејќи со 104:100 на гостувањето кај Сан Антонио, првпат по 2003 година, со што остана единствен непоразен тим во НБА-лигата. Седум минути пред крајот баш и не изгледаше дека тимот од Њујорк ќе го продолжи победничкиот поход, Спарси имаа 12 поени предност (89:77) и се чинеше дека мирно ќе пловат кон својата осма победа. Но, следеше одлична завршница на Никси, направија пресврт и до крајот го соч��ваа водството.

„Ова е еден доказ дека овој наш старт на сезоната не е ни малку случаен. Игравме против силен тим со одлични кошаркари и тренер, а на крајот успеавме да дојдеме до победа. За мене како тренер ова е прва победа над Сан Антонио и можам да кажам дека сум пресреќен“, изјави по мечот стратегот на Никси, Марк Вудсон.

Рејмонд Фетлон со 25 поени и седум асистенции беше прво име кај гостите, 17 поени даде Џ.Р.Смит, а додека Кармело Ентони немаше свој ден, мечот го заврши со девет поени и 3/12 од поле.

На другата страна Тони Паркер запиша 19 поени и 12 асистенции, додека Тим Данкан застана на 14 поени и 12 скока и дојде до 736 дабл-дабл во својата кариера.

Бранителот на титулата брзо се рехабилитираше по поразот од Клиперси, на гостувањето кај Денвер дојде до победа прва по 2002 година. Од тогаш „жешките“ имаа забекежано девет порази во серија.

Леброн Џејмс со 27 поени и 12 асистенции го предводеше тимот од Флорида до триумф од 98:93.

Шејн Батие постигна 18 поени со одлична реализација од линијата за три поени 6-7, а Крис Бош додаде 14 поени. На оваа средба шампионот настапи без Двејн Вејд кого се уште го мачи повредата.

Поради повреда на зголобот Ражон Рондо не беше во составот на Бостон за гостувањето во Бруклин што пак на крајот имаше свое влијание. Селтикси го имаа водството до третата четвртина (79:74), но Нетси на крајот славеа со 102:97. Дерон Вилијамс со 24 поени и осум асистенции го имаше главниот збор во домашниот состав.

„Не смее да си дозволиме таков лош пристап на натпреварот, па потоа доцна да се сетиме дека би можеле да почнеме да играме. Ако веќе игравме без нашиот најдобар разигрувач и притоа водиме, влезот во мечот мора да биде пдобар“, изјави по мечот Пол Пирс кој средбата ја заврши со 22 поени.










Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар



Мемфис му го нанесе првиот пораз на Њујорк
Алонсо - Само гледајте не'
МЗТ сонува хет-трик во Александровац
Илиевски му пресуди на Жалгирис
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |