Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
16.11.2012, 13:52
МЗТ сонува хет-трик во Александровац



„Сино-белите“ ќе влезат во денешниот дуел со првакот на БиХ, Игокеа со новиот плејмејкер Оташевиќ и со вратена самодоверба по двете победи

Пред МЗТ Скопје е уште еден тежок испит во рамките на АБА-лигата. Македонскиот шампион вечерва (20,15 ч.) му гостува на еден од најсилните тимови во регионалното натпреварување Игокеа. Босанскиот состав новата сезона ја отвори изненадувачки ефикасно и до пред две кола оваа екипа беше на врвот на табелата со пет победи во серија, но сега зад себе ги има двата порази од Крка и Цедевита.

Словенецот на кормилото на „металците“, Алеш Пипан, е свесен дека ги чека многу поинаков дуел, гостувањето во Александровац (БиХ) е нова тешка приказна во која среќниот крај би можел да им припадне само доколку неговите момци одиграат без грешка.

„Одиме на уште едно тешко гостување, кај противник кој покажа можеби и најмногу во досегашниот тек од АБА-лигата. Во последните два настапи изгубија несреќно на гостувањата против Цедевита и Задар. Мора да се каже дека екипата Игокеа е доста квалитетен и доста искусен тим, ова ќе биде уште еден тежок натпревар. Посакувам моите играчи да го дадат својот максимум и да одиграат добар меч, па дали ќе биде тоа доволно за нов триумф ќе дознаеме вечер“, вели тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

Одличниот победнички камбек на кошаркарите на МЗТ Скопје со право им дава да се надеваат на уште еден голем триумф. Самодовербата е целосно вратена особено по одличната игра на гостувањето во Љубљана и последната партија против моќната Цедевита на домашен терен.

Американецот во редовите на „сино-белите“ и покрај силната желба за ново изненадување, сепак е претпазлив со прогнозите, слично како својот тренер посакува само добра игра против фаворитот Игокеа.

„Знаеме дека Игокеа е одличен тим. По двата порази по ред, за нив не преостанува ништо друго освен да одиграат цврсто и да направат се' за да ја прекинат серијата од два порази. Од друга страна, ние доаѓаме со две победи против два одлични тима, преку кои ја вративме самодовербата. Мора да одиграме квалитетен натпревар, да одиграме максимално борбено, само на тој начин може да очекуваме поволен резултат од ова гостување“, смета Американецот Кејд Дејвис.

Македонскиот шампион во мечот од деветтото коло влегува со промена на плејмејкерската позиција, во Александровац ќе дебитира новото засилување Никола Оташевиќ, кој дојде на местото на Игор Мијајловиќ со кого управата се раздели спогодбено.

Добра вест за нашиот претставник е што Игокеа ќе биде видливо ослабена, поради обнова на старата повреда на овој меч нема да настапи стартниот центар Корсли Едвардс.

„Едвардс нема да игра во следните две недели. Ова е голем хендикеп за нас бидејќи станува збор за стартен центар. Сепак ова не смее да не' демотивира, очекувам преостанатите играчи да дадат се' од себе и да го надополнат неговото отсуство“, вели тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ.

Двојки за деветтото коло: Сплит - Цибона, Раднички - Широки, Будуќност - Задар, Игокеа - МЗТ Скопје, Црвена звезда - Крка, Цедевита - Шолнок, Унион Олимпија - Партизан. (М.К.)



Статијата е прочитана 655 пати.

Испрати коментар



Кошаркарите во балканско-балтичка група на ЕП
Прв пораз за Металург во Лигата на шампионите
Сеха-лига - Вардар поразен во Цетиње
Металург и Хоризонт ги поделија бодовите
Ел Шарави повторно го спаси Милан
Вашингтон и понатаму е единствениот тим без победа
Баерн сопрен во Нирнберг
Манчестер и Челзи фатени во замка
Тежок пораз за МЗТ во Александровац
Мемфис му го нанесе првиот пораз на Њујорк
Алонсо - Само гледајте не'
Илиевски му пресуди на Жалгирис
Прва победа на Њујорк во Сан Антонио по 9,5 години
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |