17.11.2012, 17:01 Во Словенија протести поради мерките за штедење
Во Љубљана денеска се одржуваат протести на работници, пензионери, студенти и други граѓани против владините мерки за штедење.
На протестот се очекуваат илјадници граѓани, кои сакаат да ја предупредат Владата на опасноста од укинување на социјалната помош и да укажат на потребата од отворање нови работни места.
Денешниот протест во Љубљана претставува продолжение на демонстрациите ширум Европа, на кои граѓаните предупредуваа на истите проблеми.
|