19.11.2012, 14:18 Прв трипл-дабл на Дурант
Ѕвездата на Тандер постигна 25 поени во комбинација со 13 скока и десет асистенции, предводувајќи ја Оклахома сити до триумф над Голден Стејт од 119:109
Кевин Дурант го оствари првиот трипл-дабл во кариерата, предводувајќи ја Оклахома сити тандер до триумф над Голден Стејт од 119:109. Ѕвездата на Тандер постигна 25 поени во комбинација со 13 скока и десет асистенции, додека Расел Вестбрук беше најефикасен кај домаќинот со 30 поени.
„Да бидам искрен, навистина не ми е гајле. И да не дојдов до трипл-дабл ќе беше в ред, бидејќи победивме. Добро е да се оствари барем еден, вака не мора да слушам коментари по медиумите“, изјави Дурант.
Коби Брајант исто така забележа трипл-дабл во триумфот на Лос Анџелес Лејкерс над Хјустон пред своите гледачи со 119:108. Брајант го заврши мечот со 22 поени и по 11 скокови и асистенции, а додека Двајт Хауард беше најпрецизен кај „езерџиите“ постигна 28 поени.
Резултати: Филаделфија - Кливленд 86:79, Сакраменто - Бруклин 90:99, Оклахома - Голден Стејт 119:109, Детроит - Бостон 103:83, Портланд - Чикаго 102:94, Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон 119:108.
|