19.11.2012, 18:02 Едиториjал
Сами против сите
Слободанка Јовановска
Има ли дипломат Европската унија што може да се справи со ситуацијата во Македонија? Најновиот инцидент со амбасадорот Аиво Орав ги исфрли на површина сите противречности на овој сложен однос. Нашата чувствителност кон начинот на кој ни се обраќаат во светот, и студената прагматичност на странските дипломати.
Ни треба ли новата хајка против Аиво Орав, по онаа што се случи со Ерван Фуере? Треба ли државниот врв да го бојкотира или пак протера европскиот дипломат зошто не ни се допаѓа начинот на кој не именуваше во Брисел? И, има ли крај на оваа драмолетка со зборот „македонски“?
Овие и други дилеми се наметнаа вчера откако претседателот Ѓорге Иванов го викна евроамбасадорот за да му протестира што само еден месец откако извојува победа во извештајот на ЕК, повторно ни го спори идентитетот именувајќи не како Славомакедонци.
Клучното прашање е како повеќето соседи на Македонија успеаја без драми да си ги решат отворените прашања, а ние веќе две децении бркаме вештер(к)и од меѓународната заедница без некој видлив резултат. Гледајќи ги реакциите на повеќето од медиумите, дури и се стекнува впечаток дека едвај чекаат ваква тема, бидејќи во Македонија е тешко да бидеш против Владата, ама против Орав и против Европската Унија нема проблем.
Она што пречи во овој патриотски излив против Орав е немањето воопшто желба да се сфати моментот и да се најде логично објаснување на потегот, до кој не дојде туку така. Вреди да се потсетиме дека грчката влада го одмолче извештајот на ЕК со зборот „македонски“ , бидејќи беше свесна дека во тој момент тој требаше да задоволи одредени политички фрустрации кај нас.
Што, пак, ако потегот на евроамбасадорот е намерен тест за да се види нашата подготвеност навистина да преговараме, откако ЕУ донесе одлука да ни даде датум, а спорот за името да се реши во раната фаза на преговорите за членство? Што ако Брисел сакаше да види дали е во право дека сме ги напуштиле национализмот и евроскептицизмот, како што ги убедува Атина и земјите членки еврокомесарот Штефан Филе пред самитот во декември? Што ако ова е тест дали Македонија има стомак да слушне други позиции за спорот и дали, кога вели дека е подготвена на компромис, го мисли тоа навистина или е неискрена, како што тврди Грција?
Без оглед на објаснувањата од ЕК и од Орав, нема сомнение дека говорејќи во ЕП, амбасадорот бил свесен каква реакција ќе предизвика во Македонија. Особено што тоа токму таму не мораше ни да го каже, бидејќи во изгласан извештај на оваа институција стои заклучокот за употреба на зборот „македонски“. Таму, во ЕП, каде што и Јоргос Шацимаркакис си дозволи да каже македонски на македонски.
Дека се во прашање политички игри, впрочем покажа и тоа како заврши кариерата на екс советникот на претседателот Ѓорге Иванов, кој побара да се протера екс амбасадорот Филип Рикер. Три недели пред клучна одлука за Македонија не е ни логично нашиот државен врв да драматизира ваков проблем и притоа да ги сврти против себе оние кои најжестоко бараат решение за блокадата на нашата држава. Факт е, меѓутоа, дека влегуваме во период кога мора јасно да кажеме за што сме и која е нашата прецизна позиција за спорот и за ЕУ. Дали постои подготвеност за тоа е друго прашање, кое странските дипломати во земјава веќе го циркулираат, а кое се сведува на констатацијата дека не гледаат тука ентузијазам кој би соодветствувал со тој на Филе.
Редно е исто така политичката елита во Македонија да се определи што сме, бидејќи нашето лутање околу идентитетот почна да ги збунува и другите. Со Грција спориме за античкото минато, со Бугарија се караме за словенското, а кога ќе речат надвор дека сме славомакедонци се навредуваме ептен тешко. Министрите, исто така, зборуваат албански во Владата, на албански се обрати и премиерот, а кога германската амбасадорка прозборе на прием, шефот на државата и се закани дека ќе зборува турски - ако некогаш го поканат во Германија. |
|
Статијата е прочитана 2570 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.11.2012 00:20:35 | Orav toa ne go napravi slucajno ili na svoja raka. SlavoMakedonci(Orav), pa Albanski znaminja(DUI), pa obedinuvanje na site Albanci(Sali Berisa), se e toa vo *eden paket*. Namesto da se zanimavame so -*proteruvanja*, podobro ke bide da razmislime, sto e porakata i koj ja ispraka. |
| melbourne, 20.11.2012 02:12:04 | Jovan,a KOJ da razberi!?Treba da si pameten da razberis. |
| USA, 20.11.2012 03:28:18 | Slucaj vo USA: grk mu se obraka na makedonec deka toj e skopjanec. Makedonecot mirno mu odgovara deka togas toj e turcin. Grkov ripa dva metra od zemja od nezadovolstvo. Makedonecot mu veli: Sto se lutis tolku, zboruvame so ist arsin. I sega avtorot kazuva grcite go premolcele terminot makedonski!!!! Pa nikoj ne gi rcnal vo identitetot!!!!! A, Orav so diplomatskiot recnik dobi diplomatska zauska i reterirase.......odma. Znaci e kabaet. So samoto toa se gubi poentata na kolumnava. |
| Miki, 20.11.2012 04:22:51 | ...ako dojde za potrebno(a taka izgleda) site belosvetski olosi i drzavi ce ve snema, a Makedonija ce ja ima za navek. Ajt .Toa vi e porakata od Makedonija. |
| длабоко навреден МАКЕДОНЕЦ, 20.11.2012 08:25:33 | Ни треба ли хајка против Орав? Уште како! Како воопшто може да се поставува такво прашање? Г-ѓо Јовановска, не знам како се чувствувате вие, ама јас сум длабоко навреден. Орав треба да биде прогласен за персона-нон-грата и протеран оттука. ЕУ треба да се засрами какви амбасадори ни праќа. Или пак можеби не сакаат да влеземе во ЕУ? Подобро нека ни кажат отворено, па да си бараме некое друго чаре, а тие нека тонат и натаму со грците. |
| Коста Стоименовски, 20.11.2012 08:54:05 | Со амбасадорот Аиво повеќе од три години бевме на служба во Варава и мошне добро се познаваме, како се него така и со неговата шармантна сопруга Маре. Амбасадорот Аиво без сомнение е мошне добар дипломат и нималку не е случајно што е именуван за Шеф на Мисијата на ЕК/ЕУ во Македонија. Познато е дека секој дипломат/амбасадор мора да ја спроведува политиката на оној што го именувал! Проблемот со странските дипломати во РМ е тоа што македонската власт, преку своите гавази, настојува да се претставува како безграшна, а вината за својата погрешна политика да ја префрла на „Меѓународната!“ Морам да нагласам дека не го идеализирам однесувањето на „Меѓународната“ спрема РМ, но секогаш настојувам објективно да гледам на работите! Како да се толкува фактот што до 2009 година никој во ОН и ЕУ не правеше проблеми со придавката македонски, а сега одбраната на идентитетот на мак. народ и јазик е главна преокупација на власта во државата?! Со непромислената политика си го натоварија и проблемот со |
| ФЕЛИКС, 20.11.2012 09:10:35 | Очекувана медиумска реакција во намерата да се ставаат ладни облоги,после нечие крајно некоректно однесување кон нашиот народ и држава.Пак ние виновни а тој што не деиндентификува е во право,оти демек самите сме си биле виновни.Ако на авторот не му пречи додавката ,,славомакедонци,, мене ми пречи.Оти не сум ни антички ни славомакедонец,едноставно сум само Македонец ништо повеќе ни ништо помалку.Ако е тоа тоа пречка за влез некаде,и нема потреба од таков понижувачки прием преку преименувањето.Инаку има повеќе ,,што ако,,.Можеби има повик до домашниве одработувачи да се рассонат и да се впрегнат да одработаат на наша штета.Што ако и синхронизирано како што пишува jovan да преку внатрешна дестабилизација се принуди нашата преговарачка тактика се преобликува по желба на јужниот сосед и т.н Едноставно нека се реагира и критикува медиумски како што се критикува антиката така и славомакедонството кое некој ни го наметнува без наша согласност. |
| milan, 20.11.2012 09:23:33 | Orav misli shto zboruvas,vo protivno ke ti go pratime Vlatko Gorcev da te iskara kako tvojot predhodnik.PS. Dali nekogas ke se opametime,pa da izbereme pravi luge na pravi mesta. Koga Sekerinska i Mitreva ja vodea nadvoresnata politika, vakvi gluposti nemase a slavevme za kan.status. Pozdrav do avtorkata. |
| cvete, 20.11.2012 09:38:16 | Pa nie sme samo Makedonci, cudno kako avtorkava ima problem so toa. Mozebi premnogu se druzi so stranci |
| Caki, 20.11.2012 09:41:59 | Zoshto nikoj ne reagira na zlobnata insinuacija deka policaec slavomakedonec zastrelal dvajca albanci vo raspravija za parking !Normalno , ne kazha deka raspravija na albanski znachi , ti ripame chetvorica so kloci i boksovi pred ochi na tvoe 10-god. devojche!Zoshto go kazha Orav sluchajot , koj nedvosmisleno beshe ubistvo vo afekat i samoodbrana , a go zaboravi najpodmolnoto likvidiranje Makedonci od vojnata do denes! p.s. aman vekje nekoi 2paci nikako da svatat deka sloveni NE POSTOJAT vekje najmalku 1000g. denes ima Slovenci , Rusi , Chesi , Poljaci...i tn...i Makedonci! Aloooo tochno i od Mars da sme doshle...posle 1500 g. zhiveenje vo Makedonija NIKOJ ne mozhe da ni zabrani da se narekuvame MAKEDONCI aloooooo..... |
| nekoj, 20.11.2012 10:10:22 | Makedonecot si pati od glavata. Site buri sto si gi izmisluva mu se sluchuvaat tamu. Koga ke se oslobdi od svoite iluzii ke go vidi svetot vo vistinska forma a togas mozebi i ke mu trgne. |
| jovan, vlada @, 20.11.2012 11:25:08 | Абе каква хајка какви бакрачи, за идентитетот на народот се работи, како требаше да реагираме кажете ми вие почитувана г-ѓа Јовановска а? Да ќутиме како до сега, да дозволиме да не газат секаде, па вие ќе кажете Брисел не тестирал да види дали ние сме подготвени да почнеме преговори за сложени и деликатни прашања уште во раната фаза демек ако ни даделе датум за преговори а?Ајде да не си играме играчки тие до сега нас не видоа што мастраф сме од тоа ќутење и премолчување дојдовме до ова дереџе до кое што сме! Поздрав до преседателот Иванов и реакцијата на владата и сите загрижени и добро намерни граѓани и институции. |
| P.Petar, 20.11.2012 12:01:50 | Lutanjeto po identitetot ne odi vo nas prilog. Ne sme anticki potomci,ne sme slavjanski potomci togas sto sme?? Sustestva dojdeni od vselenata?? Treba ednas zasekogas da razbereme deka nosime nasledstvo na minatoto a toa e i anticko i vizantijsko i bugarsko i srpsko i tursko i na krajot jugoslovensko koga se izmesavme megjunacionalno. Sto ima strasno vo toa?? Ne postoi na svetov cista rasa pa taka i nie treba da se odnesuvame. Smetam deka nasata vnatresna podelenost po ova prasanje e PRAVIOT problem. |
| Mudrec, 20.11.2012 13:38:48 | Ako se ova provokacii kako sto veli avtorkata da se vidi dali sme spremni da pregovarame za promena na ime iidentitet, odgovorot na nasite vlasti e povekje od soodveten. Za identitet ne se progovara. EU i NATO se od vtorostepeno znacenje vo sporedba so odbranata na svoetojas. |
| пријател до Феликс, 20.11.2012 16:46:25 | Како тоа не си ни антички ни славомакедонец туку само Македонец?Во историјата постојат само антички македонци и македонци кои потекнуваат од Словените(македонски словени или славомакедонци).Зар ти не потекнуваш ни од едните ни од другите?Зар си ти паднат од Марс?Зар си тиква без корен?Немаш ли ти свои предци?Не си ли роден од татко и мајка?А твоите татко и мајка,немале ли свои татковци и мајки?Немаш ли свој мајчин јазик на кој зборувале твоите предци,кој го научиле твоите родители од нив и кој твоите родители тебе ти го пренеле?Постоел ли тој јазик, кој ти го зборуваш и писмото кое го пишуваш,постоеле ли и пред многу векови или ти ги донесе со себе од Марс?Ние денешниве Македонци,жители на Р.Македонија според јазикот,писмото,обичаи,култура(според својот идентитет)сме потомци на Словените или македонски словени или славомакедонци.Што си ти?Марсовец паднат од Марс во Македонија па си само Македонец? |
| tulko drdeski,tetovo, 20.11.2012 17:48:06 | Abre USA Orav ne reterira,kako uste ne si razbral,a i nee cudno daleku e Amerika. |
| Def!, 20.11.2012 17:50:43 | Zarem ovaj seushte ne e proteran? More def tamu! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Претежно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|