(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
Златан Ибрахимовиќ ги постигна сите четири гола за победата од 4:2
Златан Ибрахимовиќ беше најдобар играч на теренот, ги постигна сите четири гола во победата на Шведска над Англија со 4:2 во Солна, а последниот погодок што го постигна во првата минута од судиското продолжение беше вистинско ремек-дело. Шведскиот капитен го искористи избивањето на топката со глава од англискиот голман Хартс надвор од шеснаесетникот и со ножички од дваесетина метри оддесно ја смести топката во мрежата на гостите.
Ибрахимовиќ го отвори резултатот во 20. минута, подоцна израмни на 2:2 во 77. минута и пред чудесниот гол во финишот и' донесе водство на Шведска од 3:2 во 84. минута.
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“