17.11.2012, 16:43 Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Денеска е на репертоарот „Облакот Атлас“ на Тиквер, „Kосмополис“ на Kроненберг и „Твикст“ на Kопола, а утревечер „Јас и ти“ на Бертолучи
Во рамките на фестивалот „Синедејс“, денеска во киното „Милениум“, публиката, меѓу другото, ќе ужива во „Облакот Атлас“ на Том Тиквер (12 ч.), „Kосмополис“ на Kроненберг (20 ч.) и „Твикст“ на Kопола (22.30). Утревечер на програмата е и филмот „Јас и ти“ на Бертолучи.
Во рамките на придружната програма на „Синедејс“ викендов ќе има и повеќе работилници, меѓу кои „Работилница за анимиран филм“ на Анхел де ла Kруз Бланко и „Мал буџет, големо платно на познатиот сценарист“, која ќе ја води режисерот, сценарист и продуцент Шарон Бар Зив.
Работилницата на тема „Влез на филмскиот пазар како нови надежни режисери/продуцентски куќи во 21 век“ ќе се одржи во 16 часот во Kинотеката на Македонија.
|