Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.11.2012, 14:11
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице



Претставата „Будење на пролетта“ во режија на Мартин Кочовски освои пет награди на 17. Југословенски театарски фестивал

Претставата „Будење на пролетта“ на Франк Ведекинд, а во режија на македонскиот режисер Мартин Кочовски го понесе триумфот на 17. Југословенски театарски фестивал во Ужице, Србија, освојувајќи пет награди. „Будење на пролетта“, која е во продукција на Народниот театар од Ужице, беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот, а Мартин Кочовски ја доби и наградата „Ардалион“ за најдобра режија. Маријана Зорзиќ-Петровиќ го понесе и признанието за сценографија, а претставата ги освои и наградите „Ардалион“ за млад актер и „Авдо Мујчиновиќ“, кои им припаднаа на Тијана Караичиќ и Бранислав Љубичиќ.

Југословенскиот театарски фестивал во Ужице „Без превод“ оваа година беше посветен на егзистенцијалните, општествените и политички тегоби на денешниот живот. Под мотото „Овој живот не вреди многу, но ништо не вреди како овој живот, фестивалот во натпреварувачката програма претстави седум продукции од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

Наградата за најдобра женска улога ја доби Јасна Ѓуричиќ за претставата „Вишновата градина“ на Чехов во режија на Дејан Мијач, а во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград, додека за најдобар актер беше прогласен Крешимир Микиќ за улогата во претставата „Од другата страна“, поставена како авторски концепт на Боба Јеличиќ и Наташа Рајковиќ во продукција на Загребачко казалиште младих. Оваа претстава ја доби и Специјалната награда „Ардалион“ за слободата на театарската игра, за заедничката истражувачка работа и за автентичната творечка постапка.

Две награди „Ардалион“ доби и Камерниот театар 55 од Сараево, кој ја изведе претставата „Сомневање“ на режисерката Селма Спахиќ, и тоа: за најдобра епизодна улога на Маја Изетбеговиќ и за костимографијата на Сања Џеба. За наградите одлучуваше петчлено жири, на чие чело беше режисерот Светозар Рапаиќ. (С.У.)





Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар



Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |