16.11.2012, 15:19 Стасува последната тура двокатни автобуси
До Нова година по скопските улици ќе возат уште шеесетина нови двокатни автобуси. Возилата се веќе на пат од Кина кон Македонија. Од ЈСП информираат дека пред околу две недели вкупно 80 автобуси биле испорачани од фабриката на „Јутонг“ во Женгжоу и биле натоварени на пристаништето во Шангај. Станува збор за 66 двокатни обични и 14 двокатни панорамски автобуси.
„Со оваа пратка практично ќе се заокружи планираната набавка за поднова на јавниот превоз. Станува збор за вкупно 200 двокатни обични автобуси и 17 панорамски. Со оглед на досегашните пратки, очекуваме и оваа последнава да стаса во државава за околу четири недели од денот на испораката“, вели Мишо Николов, директор на ЈСП.
Како и досега, и овие автобуси до Македонија ќе доаѓаат по воден и по копнен пат. Натоварени се на пристаништето во Шангај, а последна дестинација им е грчка Пиреа, од каде што ќе стасаат во Македонија. (Дс.Т.)
|