19.11.2012, 13:50 Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо
Масовното производство на биогорива од алги се` уште не е одржливо, се наведува во извештајот на американскиот Национален истражувачки совет (НРЦ).
Со цел од нив во иднина да се добие значителна замена за гориво мора и натаму да се вложува во истражување и развој на видовите на алги, заради добивање на подобри каратеристики, во материјалите и методите за одгледување и обработка на алгите во гориво и на крајот во намалувањето на енегетските барања во различните фази на производс��вото.
Иако алгите имаат своите предности во однос на другите биогорива (можноста да се одгледуваат на неплодно земјиште во базените со свежа, солена или дури и отпадна вода), за денешното производство, како што тврдат претставници на Универзитетот во Аризона, потребно е премногу вода, енергија и хранливи состојки. За производство на еден литар биогориво потребно е три пати повеќе вода.
Токму тоа е голем проблем, бидејќи не е целта само производството да се доведе до комерцијална исплатливост, туку и до еколошка одржливост. Всушност намалувањето на цените на чинење ќе се сведат и на намалување на потрошената енергија, водата и ѓубривото. На пример со користење на земјоделските и градските отпадни води за одгледување на алги ќе се реши прашањето со водата и ѓубривото, но исто така и ќе се намали потрошувачката на енергија.
Иако извештајот дава негативна оценка, во него се нагласува дека постои причина за не се отфрли оваа идеја. Потребни се инвестиции и иновации, кои ќе доведат до производство на алги до параметри, кои се добитни, се додава во извештајот на НРЦ.
|