Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.11.2012, 16:09
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски? 



Секретарот на СДСМ, Андреј Петров изјави дека кривичната пријава што опозицијата ја поднесе за аферата со „Телеком“ е против непознат сторител

Андреј Петров, секретар на СДСМ, денеска изјави дека кривичната пријава што опозицијата ја поднесе за аферата со „Телеком“ е против непознат сторител и дека поради тоа не е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги посочи Владо Бучковски и Димитар Бузлевски.

„СДСМ ја поднесе кривичната пријава против непознат сторител и, место одговор од јавното обвинителство или од МВР, експресен одговор добивме од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во чија реакција се посочуваат имињата на Бучковски и Бузлевски“, рече Петров.

Тој праша дали тоа значи дека за владејачката партија се познати сторителите. „Ако е така, зошто тогаш правосудните органи, Јавното обвинителство и МВР, кои се под целосна контрола на оваа партија, досега не преземаа никави активности и не иницираа истражна постапка, во насока на расчистување на овој скандал“, рече Петров.

Потоа праша и дали се точни шпекулациите дека токму со вакви случаи, ВМРО- ДПМНЕ врбува поединци, како што наведе, уценети со кривични пријави и со одложување на судски процеси, за да одработуваат сценарија, со кои треба да и' нанесат штета на опозицијата?

Одговарајќи на прашање за независните кандидатури за градоначалници, Петров заклучи дека е нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ, ако се убедени во победа на локалните избори, бараат вакви личности.

„Во услови на два блока - на здружена опозиција од едната страна и на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити од друга страна, секој ќе се определи или за власта, ако е задоволен од својата живејачка или ако не е задоволен ќе се определи за опозицијата. Не би коментирал одредени минорни поединци кои немаат можност да нанесат каква било штета“, рече Петров.

Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори на Петров дека владејачката партија нема намера да се меша во внатрепартиски битки, поделби и фракции во СДСМ.

„Во време кога се случуваше аферата ’Телеком’ на власт беше СДСМ. Црвенковски беше претседател, Шекеринска потпретседател на Владата, Макрадули координатор на пратеничката група. Затоа Петров нека ја праша Шекеринска што таа знае за ’Телеком’“, рече Бичиклиски.

„Кога утре Заев, Шекеринска, Георгиев ќе му свртат грб на Црвенковски, како што тоа во последниот период го направија Рахиќ, Фрчкоски, Наумов, Ефтов..., дали и тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде криво на Црвенковски и дали и нив ќе ги прогласи за наши членови, праша Бичиклиски. (П.Р.)

Статијата е прочитана 4693 пати.

Испрати коментар



Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



ФЕЛИКС, 15.11.2012 17:07:17
Г-дин Петров во име на партијата на сите нас како јавност ни испорача ,,непознат сторител,,кој треба власта да го разоткрие,а кога вината е веќе образложена со кривичната пријава треба и да го санкционира.Е сега се чуди со,,од каде бре знаат овие да се Бучковски и Бузлевски,,Или не очекувал експресно разоткривање,или Бичиклиски погрешил во номинирањето за титулата,,непознат сторител,,а се работи можеби за уште позначајни личности. Па се прашувам да не има внатрешно партиска битка кој тоа таму ќе се кандидира за ,,непознат сторител,,Верувам дека битката е тешка оти таму има доста такви кој гордо ќе го понесат товарот на славата како ,,непознати сторители,,на познати деанија.
Birin, 15.11.2012 20:06:42
Srecko, koga vece komentiras komentiraj argumentirano. Deka Telekom korumpirala i potkupila ma odredeni lica od Makedonija za da ja zadrzi monopolskata polozba , go prizna i zamiot Dojce telekom, placajci milionski sumi dolari na Amerikancite za da se prekini sudskata postapka. SAega se postavuva prasanje zosto nikoj od nasite nadlezni organi MVR, obvinitelsto ne pokrena istraga za da se priberat dokazi i tie lice izvedat na sud, no vaka se reketiraat so zapreta na obvinenie so cel da gi upotrebat za matni politicki zdelki vo medjupartiskata presmetka.Neli sudot treba da bide nezavisen od politikata, ama kaj nas toa e mislena imenka.
Баба Евда, 15.11.2012 20:37:08
Шате мило бабино , од каде ви се информациите за Бучковски и Бузлевски? Јас не ги прочитав нивните имиња во соопштението дадено од страна на СДСМ! Дали вие нешто знаете , дали нешто криете?Штитите некого , или „Иво Лола није сам“? зошто молчите заовој скандал?Да не е нешто во врска со АНАЛИТИЧНОСТА?
Marjanco I KO-2 br.226/11, 15.11.2012 21:30:26
Selektivna primena na pravoto za vreme na vladeenjeto na Ahmeti i Gruevski e poveke od evidentna,kade glaven kriterium e partiskata pripadnost a ne kaolektivnite dogovori ili vazjeckite Zakoni pa se do primenata na Krivicniot Zakonik.Zapocnuvajki od nezakonski rasporeduvanja vo MVR, kade dokazjani profesionalci bea degradirani i prinudeni da vodat sudski sporovi,preku podnesocite od strana na G-din Vane Cvetanov i epilogot po istite ili neprevzemanje na merki za nepotizam pri delenje na Evropskite sredstva,pa se do poslednata Odluka na Ustavniot Sud na R.Makedonija za Haskite slucaji.Podnesocite do JO najcesto zavrsuvat kako gorenavedeniot predmet so otfrlanje na krivicnata prijava deka nema elementi za Kd koe se goni po sluzjbena dolzjnost, kako sto veli G-din Vanco Muzelov od OJ Skopje, V KO 2 br.52/11 ili XV KON br.4412/11, dodeka za Dusko mlekarot merka pritvor, za Velija i semejstvoto isto taka,i drugi slucai vo izminatiot period kaj sto selektivnata primena na pravoto e poveke

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |