Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.11.2012, 10:15

Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела



Во чест на 21 годишнината од независноста на Република Македонија, нашиот тенор ќе одржи концерт под наслов „Орелски кријла как да си метнех...“; Нацоски во „Ромео и Јулија“

Тенорот Благој Нацоски, во чест на 21 годишнината од независноста на Република Македонија, на 18 ноември ќе одржи концерт во Рим, каде што изминативе години живее и работи. Концертот, кој ќе се одржи во катедралата „Санти Апостоли“, е насловен „Орелски кријла как да си метнех...“, а македонскиот оперски пејач ќе изведе дела од македонските композитори: Живко Фирфов, Трајко Прокопиев, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Томислав Зогравски, Дарија Андоновска и Димитрије Бужаровски. Нацоски на пијано ќе биде придружуван од маестро Алесандро Д’Агостини од Италија.

Инаку, како што вели Нацоски, ова е трет негов концерт на кој изведува дела од македонски композитори во Рим. „Првиот пат се работеше за еден хорски ансамбл од Рим, кој настапи на еден концерт заедно со мене во Ватикан, и кој по моја желба изведе хорски композиции од Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски. Но, особено ме радуваше фактот што истиот тој хор, македонските композиции продолжи да ги изведува и понатаму на други нивни настапи, секогаш потенцирајќи го фактот дека се работи за македонско творештво. Се разбира, Македонија како мала земја, која нема музичко творештво долго петстотини години не е лесно да се пробие на тој план во светот. Затоа мислам дека ние уметниците кои настапуваме на светските сцени можеме да помогнеме македонските композитори да заземат место во светската музичка литература. Она што јас се трудам е и моите странски колеги да почнат да изведуваат наши дела“, вели Нацоски.

Делата кои ќе бидат изведени на концертот во недела, истакнува Нацоски, освен од музичка гледна точка претставуваат и врвни дела од најпознатите македонски поети како Кочо Рацин, Контсантин Миладинов, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. „Текстовите на делата се погрижив во програмата да бидат преведни на италијански јазик“, вели тенорот.

Концертот во Рим е организиран со финансиска поддршка од македонското Министерство за култура.

По концертот со македонски дела, Благој Нацоски ќе одржи уште два концерта во Бари, на 22 и 23 ноември. Се работи за „Реквием“ од Моцарт кој ќе биде изведен на фестивалот „Апулиа Мјузик Интернешнл Фестивал“, под диригентската палка на Вито Клементе со оркестарот и хорот „Томазо Траета“.

Инаку, на 12 ноември, излезе во продажба ЦД-то за операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, која македонскиот тенор за прв пат ја изведе оваа година во февруари, заедно со славниот Андреа Бочели. Ова е прво ЦД на Нацоски за дискографската куќа „ДЕКА“, а вкупно петто дискографско издание во неговата кариера. (Т.И.)


Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар



Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Музички документарни хитови на „Синедејс“
Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“



elena, 16.11.2012 11:59:19
najgolemo bravo za Blagoj Nacoski. sega ostanuva ti e sto ziveaqt vo Makedonija i od Makedonija da naucat Makedonski.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Св��т | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |