Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.11.2012, 12:47
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски



Наградите на меѓународниот фестивал „Пријатели на книгата“ кој синоќа беше отворен во Риека ги врачи претседателот на Хрватското книжевно друштво Валерио Орлиќ

Авторот Христо Петрески за романот „Лифтот (не) е за двајца“ е добитник на признанието „Књижевно перо“ за најдобра книга од странски автор меѓу два фестивали „Пријатели на книгата“ на Хрватското книжевно друштво.

На меѓународниот книжевен фестивал „Пријатели на книгата“ кој синоќа беше отворен во Риека за најдобра книга есеи беше прогласена „Мост од ѕуница“ од Васил Тоциновски.

Традиционалните годишни награди ги врачи претседателот на Хрватското книжевно друштво Валерио Орлиќ.

Романот „Лифтот (не) е за двајца“, според Орлиќ, е исклучително оригинално постмодернистичко дело во кое низ симболот (лифтот) на затвореноста и оттуѓеноста на човекот се проговорува за актуелностите и превртеноста на современоста. Тоа е дело со универзални и општочовечки димензии и пораки што не го остава читателот рамнодушен, а со убавиот стил и јазик се чита во еден здив, посочил претседателот.

За „Мост од ѕуница“ Орлиќ истакнал дека е дело во кое компаративно се проследуваат современите и актуелни автори, книги и појави по 25 од хрватската и од македонската книжевност во кои се преплетуваат одредени пораки од столетните хрватско-македонски книжевни и културни врски. Според него, таа взаемна книжевна комуникација што најуверливо се остваруваше во 19. и во првата половина на 20. век претставува непресушен инспиративен вруток.



Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар



Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Музички документарни хитови на „Синедејс“
Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |