Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.11.2012, 13:18
Прва „салатара“ за Чешка во 100. финале на Дејвис купот



Штепанек го донесе решавачкиот поен со победата над Алмагро за вкупен триумф над Шпанија од 3:2

Чешка доби нов херој. Радек Штепанек истапи кога беше најпотребно и го совлада Николас Алмагро со 3:1 (6-4, 7-6, 3-6, 6-3), носејќи и' на својата земја победа од 3:2 во финалето од Дејвис купот против бранителот од лани, Шпанија. Работите тргнаа во посакуван правец за домаќините уште во саботниот дуел во двојки, во кој Бердих и Штепанек беа подобри од шампионите од Лондон пред една недела, Марсел Гранојерс и Марк Лопез (3-6, 7-5, 7-5, 6-3). Сепак, Давид Ферер, во првиот неделен дуел покажа дека е најдобар тенисер на собиров, совладувајќи го првиот чешки рекет со 6-2, 6-3, 7-5. Тоа ја стави судбината во рекетите на Штепанек и Алмагро, а 32-годишниот Чех играше занесно, воден од публиката во „О2 арената“. Јубилејната, 100. „салатара“ е само прва за самостојна Чешка, а втора сметајќи ја онаа на Чехословачка од 1980 година. Особена гордост за Чесите е тоа што токму на нивниот национален празник тие добија потврда дека се неприкосновена тениска сила во светот. Станаа само вторите во историјата, по САД во 1990, кои ги освоиле пехарите и во машкото и во женското репрезентативно тениско натпреварување во иста година.

Инаку топлиот амбиент на „О2 арена“ придонесе да се обедини нацијата. Организаторот ги собра хероите од 1980 година, во арената дојде и Јана Новотна, поддршка на тенисерите им дадоа и чешките спортски икони Јарослав Јагр и Јан Железни. Сите тие беа дополнителен поттик за Бердих и Штепанек да ја искористат шансата да ги дополнат своите колешки, од пред три недели, во истата арена.

ИТФ уште еднаш потврди дека организацијата на финалето на Дејвис купот е навистина нешто посебно. И ако од поодамна водат тивка војна со АТП околу најмалите детали во организација, овој пат токму тие добија голем плус. Јубилејот 100 години од Дејвис купот, дефинитивно, ќе има по што да се памети. И не само поради добриот тенис во Прага, драматиката и емоциите до бесвест. Од февруари наредната година почнува вториот век на култното спортско натпреварување, кое ги обединува тениските суперѕвезди да „гинат“ за својата нација.

Точно пред 32 години, тогаш под името Чехословачка, оваа тениска лулка го освои последниот Дејвис куп. Тогаш на крилата на „вечниот“ Иван Лендл, Чесите го имаа речиси истиот развоен пат како денес. И тогаш беа отпишани во полуфиналето на земјена подлога во далечната Аргентина, но како и пред 32 години и денес Бердих и другарите триумфираа во Јужна Америка. Дојде финалето, а Чехословачка се радуваше против Италија. Пред завршниот дуел во Рим тогаш беше извршена ждрепка за наредната 1981 година, а во првото коло шампионот налета на Швајцарија. Минатиот месец, на ждрепката за 2013, судбината сакаше Чешка да го посети Федерер, Вавринска и останатите.





.

Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар



Тодоров нов тренер на бугарски Балкан
Надал се врати на тренинзи
Банки прв пик за селектор на Македонија
Петмина во трката за најдобар голман
Jувентус или Челзи, прашање е сега
Бекам заминува од „Галакси“, но не и од фудбалот
Рома го совлада Торино
Прекината серијата победи на Мемфис
Лука Банки во игра за селекторското место
Второ па машко за Перо Антиќ
Прв трипл-дабл на Дурант
Червар - Не го издржавме притисокот
Хамилтон го освои Тексас
Балканско-балтичка група за Македонија
(ФОТО) Кјељце го запре походот на Металург
Сеха-лига - Вардар поразен во Цетиње
Металург и Хоризонт ги поделија бодовите
Ел Шарави повторно го спаси Милан
Вашингтон и понатаму е единствениот тим без победа
Баерн сопрен во Нирнберг
Манчестер и Челзи фатени во замка
Тежок пораз за МЗТ во Александровац
Мемфис му го нанесе првиот пораз на Њујорк
Алонсо - Само гледајте не'
МЗТ сонува хет-трик во Александровац
Илиевски му пресуди на Жалгирис
Прва победа на Њујорк во Сан Антонио по 9,5 години
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ситен дожд

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Водич за заштита на децата од сајбер-насилници
Се' повеќе тинејџери се жртви на педофили кои демнат на „Фејсбук“. Два случаи беа пријавени во „Меѓаши“, но бројката е д...
Светот го чекаат екстремни горештини, глад и изумирање на видовите
Ако не се преземат итни мерки против глобалното затоплување, до крајот на векот светот ќе биде потопол за 4 целзиус...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |