Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.11.2012, 21:10

(ФОТО) Кјељце го запре походот на Металург



„Металурзите“ водеа 45 минути, но пресуди серијата од 5:0 за гостите од Полска во завршницата, кои на крајот славеа со 23:21

Роберт Димитриевски

ФОТО: Петр Стојановски

По четири победи во низа, ракометарите на Металург потклекнаа во натпреварот на неделата според ЕХФ, во кој изгубија дома со 23:21 во дуелот со Кјељце за првото место во групата Ц од Лигата на шампионите. Возвратниот дуел е веќе в сабота од 18 часот во Полска.

Македонскиот првак ги имаше и контролата врз играта и резултатот во три четвртини од мечот, но „пукна��� во завршницата. По водството на „металурзите“ од 18:16 во 45. минута, во наредните осум гостите направија серија од 5:0 и предноста не ја испуштија до крајот. Во тоа имаа помош од домашните ракометари, кои во последните 15 минути буквално им дадоа в рака неколку топки, а тие подароци Кјељце не пропушти да ги искористи. Металург направи уште еден обид, намалувајќи на 21:20 шест минути пред последниот звук на сирената, но полскиот шампион преку најефикасниот играч на средбата, десното крило Иван Чупиќ, ставија точка кога тој погоди од тешка позиција за 23:20.

Тимот на Лино Червар во најголем дел од средбата имаше водство од два-три гола разлика, на полувремето замина со предност од 12:10, но не го издржа безмилосното темпо во дуелот на двете од само четири екипи со максимален ефект до овој круг во ЛШ. Додека имаше сила, десниот бек Ренато Вугринец и погодуваше, и асистираше, но немаше поддршка од другите бекови на Металург, па кога го стигна уморот направи неколку клучни грешки во нападот. Беше видливо дека двонеделната пауза поради повредата оставила трага врз Наумче Мојсоски, за што зборува реализацијата 2/8, ништо подобар во тој поглед не беше ни Миладин Козлина (1/5), а Филип Миркуловски не упати ниту еден удар на противничкиот гол! Во таква ситуација се' се сведуваше на завршување на нападите преку Вугринец, со проигрување на пикерот Младен Ракчевиќ (6/7) и со обиди преку левото крило Дејан Манасков (3/7), но извонредниот Славомир Шмал на голот на Кјељце го затвори и тој вентил и со Чупиќ е најзаслужен за пресвртот и за победата на гостите.

Сумирано, мечот го доби подолгата клупа на носителот во групата и неизнудените грешки на „металурзите“, кои во целото прво полувреме имаа само три загубени топки, а во осумминутното „затемнување“ во завршницата направи пет грешки од вкупно осумте во вториот дел.

И во другите две средби од петтиот круг во групата Ц славеа гостите: Горење го декласира Шамбери со 31:20, а Силкеборг го „прегази“ Санкт Петербург со 35:23.

Металург - Кјељце 23:21

Полувреме: 12:10. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 6.300. Судии: Гуско и Репкин од Белорусија. Седмерци: Металург 1/4, Кјељце 1/2. Исклучувања: Металург 4 мин., Кјељце 8 мин. Загубени топки: Металург 11, Кјељце 13.

Металург: Станиќ (7 одбрани), Ангелов (1 седмерец), Ракчевиќ 6/7, Димовски 0/1, Вугринец 7/11 (1/2), Георгиевски 2/2, Козлина 1/5, Манасков 3/7, Миркуловски, Маркоски, З. Мојсоски, Додер, Н. Мојсоски 2/8 (0/1), Батиновиќ (0/1 од 7 м), Јоновски, Алушовски. Тренер: Лино Червар.

Кјељце: Шмал (11+3 одбрани), Бухчич, Грабарчик 0/1, Јурецки 4/5, Ткачик, Олафсон, Бјелецки 2/3, Јахлевски, Штрлек 1/1, Стојковиќ 1/1, Лиевски 3/7, Бунтиќ 2/5, Муса 1/2, Зорман 1/1, Росински, Чупиќ 8/9 (1/2). Тренер: Богдан Вента.

ЧЕРВАР: ПРЕМНОГУ СОЛИРАВМЕ

Лино Червар: „Пред се', би сакал да и' честитам на екипата на Кјељце, на сите играчи и на Вента за победата, како и за фер и спортската игра. Мислам дека Кјељце ја заслужи победата, покажувајќи навистина цврст карактер, упорна борба и трпение. Жал ми е што не ги искористивме нашите шанси и што не знаевме да го задржиме резултатот. Паднавме во последните 13 минути, кога расипавме се' што направивме претходно. Не го издржавме притисокот и не ја игравме нашата игра, односно премногу тежнеевме кон индивидуална игра. А кога не играте тимски и кога нема да ги искористите шансите против ваква екипа, ќе го загубите натпреварот. И покрај поразот, користам можност да и' се заблагодарам на публиката, која дојде во толку голем број и ни даде голема поддршка. Жал ми е што не успеавме, но што да се прави, тоа е спортот“.

Гоце Георгиевски: „Прво, да и' честитам на противничката екипа за заслужената победа. Не' надиграа во секој сегмент од играта. Паднавме во последните 13-15 минути. Имавме добро прво полувреме, но не успеавме да ја наметнеме таа игра и во второто. Тие тоа го искористија и на крајот заслужено победија. Во името на соиграчите им се извинувам на нашите навивачи што големата поддршка од нив не ја наградивме со победа“.

Богдан Вента: „Многу тешко беше да се игра во ваков амбиент со толку многу луѓе во салата, кои му дадоа поддршка на својот тим. Мечот беше многу важен за двете екипи, бидејќи решаваше за првото место во групата, на кој допатувавме по 22 часа со автобус, но мојот тим имаше добар одговор на тоа. Многу сум среќен поради победата, им честитам на играчите за борбеноста, како и на публиката за атмосферата“.

Урош Зорман: „Благодарам за извонредната атмосфера, во која беше многу убаво да се игра. Благодарност и за домашниот тим за навистина добриот, цврст и борбен натпревар. На крајот победи тимот што имаше малку поголема среќа. Ова беше многу важен меч за нас по поразот од Висла во Плок, покажавме карактер, среќни сме и волшебното патување до дома ќе биде полесно“.

ВУГРИНЕЦ ГО ПОМИНА МОЈСОСКИ

Со седумте гола против Кјељце, Ренато Вугринец стана најефикасен ракометар на Металург во Лигата на шампионите, престигнувајќи го Наумче Мојсоски, кој два пати погоди против полскиот првак. Вугринец на пет натпревари постигна вкупно 29 погодоци, со кои го дели десеттото место, а Мојсоски со 26 е на делба на 19. позиција.

Од „металурзите“ на листата е уште Дејан Манасков, кој со 22 гола го дели 30. место. Од македонските ракометари, пак, највисоко котира Кирил Лазаров од Атлетико Мадрид, кој со 32 погодоци е петти.

Иван Чупиќ од Кјељце со осумте гола против Металург изби на првото место со вкупно 40 погодоци.




 


Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар



Тодоров нов тренер на бугарски Балкан
Надал се врати на тренинзи
Банки прв пик за селектор на Македонија
Петмина во трката за најдобар голман
Jувентус или Челзи, прашање е сега
Бекам заминува од „Галакси“, но не и од фудбалот
Рома го совлада Торино
Прекината серијата победи на Мемфис
Лука Банки во игра за селекторското место
Второ па машко за Перо Антиќ
Прв трипл-дабл на Дурант
Прва „салатара“ за Чешка во 100. финале на Дејвис купот
Червар - Не го издржавме притисокот
Хамилтон го освои Тексас
Балканско-балтичка група за Македонија
Сеха-лига - Вардар поразен во Цетиње
Металург и Хоризонт ги поделија бодовите
Ел Шарави повторно го спаси Милан
Вашингтон и понатаму е единствениот тим без победа
Баерн сопрен во Нирнберг
Манчестер и Челзи фатени во замка
Тежок пораз за МЗТ во Александровац
Мемфис му го нанесе првиот пораз на Њујорк
Алонсо - Само гледајте не'
МЗТ сонува хет-трик во Александровац
Илиевски му пресуди на Жалгирис
Прва победа на Њујорк во Сан Антонио по 9,5 години
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ситен дожд

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Водич за заштита на децата од сајбер-насилници
Се' повеќе тинејџери се жртви на педофили кои демнат на „Фејсбук“. Два случаи беа пријавени во „Меѓаши“, но бројката е д...
Светот го чекаат екстремни горештини, глад и изумирање на видовите
Ако не се преземат итни мерки против глобалното затоплување, до крајот на векот светот ќе биде потопол за 4 целзиус...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |