19.11.2012, 15:39 Второ па машко за Перо Антиќ
Неговата сопруга Ружица се породи денеска наутро во клиничката болница „Систина“, а мајката и бебето се чувствуваат добро
Кошаркарот Перо Антиќ стана татко по вторпат. По синот Лука, кој има пет години, Перо и неговата сопруга Ружица, добија втор наследник, Павел, кој бил долгопосакувана желба на постарото братче. Ружица се породи денеска наутро во клиничката болница „Систина“, и мајката и бебето се чувствуваат добро, за нив одговорен беше тимот на доктор Панчевски.
Антиќ и неговата сопруга сами одлучија 19 номеври да биде датумот на раѓање на вториот син. Кошаркарот на Олимпијакос неколку дена претход��о на својот фејсбук профил најавуваше дека токму овој датум ќе биде посебен ден за неговата фамилија и блиските членови.
Поради втората принова Ружица заедно со Лука летоска од Атина од каде што е тимот на Олимпијакос за кого настапува Антиќ се преселија во Скопје, а откако Павел ќе направи 40 дена целото семејство повторно ќе биде заедно во главниот град на Грција. |