Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.11.2012, 13:31

Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани



Домашна поддршка на концертот се „Мизар“, како своевидна компарација на идеолошките проекти на двата состави од 80-тите години на минатиот век, „Македонска стрелба“ и „Нова словенечка уметност“

Тина Иванова

Култната словенечка група „Лајбах“ вечерва повторно гостува во Скопје. Нивната светска промотивна турнеја е насловена „Доаѓаме во мир“, а нивниот последен настап пред домашната публика се случи во 2007 година на фестивалот „Таксират“. Во „Метрополис арена“ во 21 часот, концертот на „Лајбах“ почнува со домашната поддршка, групата „Мизар“, како своевидна компарација на своевремено идеолошките проекти на двата состави од 80-тите години на минатиот век, „Македонска стрелба“ и „Нова словенечка уметност“.

Сосема е логично заедничкото стапнување на сцената на „Мизар“ и „Лајбах“, затоа што и двете групи уште со својата појава во времето на СФРЈ станаа препознатливи носејќи го во својот израз автентичниот звук на поднебјето од каде што доаѓаат. Во исто време, и „Мизар“ и „Лајбах“ испилија прогресивен, авангарден звук чии аликвоти и денес ги чувствуваме, по три децении од нивното формирање.

Само да потсетиме, „Мизар“ го издадоа својот прв албум во 1988 година, кој го носи името на бендот, и уште тогаш, и покрај тоа што во текот на годините составот на членовите се менуваше, создаде звучна слика во која се испреплетуваат звуците на рокенролот, старословенското пеење, на византиската традиција, како и на традиционалната македонска музика, пеејќи на својот мајчин јазик, што за тоа време ќе претставува револуција. Следуваа, иако со одредени прекини во работата, исклучителните изданија „Свјат дримс“ (1991), „Кобна убавина“ (2004), „Поглед кон светната градина“ (2007) и последниот, „Детето и белто море“ со хорот „Хармосини“ (2010), кои оставија силен печат во историјата на македонската современа музика.

„Лајбах“, пак, кои минатата година повторно беа во фокусот на вниманието на нивните многубројни фанови правејќи ја музиката за научнофантастичниот филм „Железно небо“, и во Скопје, како и во другите градови каде што веќе настапија, ќе ги претстават темите од последните изданија „Laibach Revisited“ и „Reproduction Prohibitet“, но и легендарните „Geburt Einer Nation“, „Leben Heisst Leben“, „War“, „Across the universe“ итн.



Далечната 1980 година, „Лајбах“, што значи „Љубљана“, ќе го излепат словенечкиот главен град со плакати кои го носат крстот на Казимир Маљевич впишан во запчаник. А, под него испишано Лајбах. Со ова, како дел од уметничко (мултимедијално) - политичкото движење наречено „Neue Sloveniche Kunst“ (НСК - Нова словенечка уметност), се обелоденува постоењето на неговата музичка секција наречена „Лајбах“. Заедно со сликарската група „Ирвин“, како и со театарот „Сципион нашице“, ќе ја установат таа фиктивна земја - земја без територија. И самите „Лајбах“ во една пригода ќе кажат: „Тоа е ментална конструкција во која се чувствуваме сите ние кои мислиме дека физичката, просторно ограничена земја не е доволна. Ние во таа земја живееме и тоа е се', но нашите умови се на некое друго ниво“.

„Лајбах“ се формираат на 1 јуни во 1980 година во малото рударско-индустриско гратче Трбовље. На почетокот ќе дејствуваат во рамките на активностите на „Ирвин“ и на театарската групација „Црвени пилоти“. Нивниот прв мултимедијален проект „Ред дистрикт“ ќе има цел да ја испровоцира тогашната политичка структура во Трбовље. Но, настапот ќе биде забранет поради „неправилно и неодговорно“ употребување на црни крстови како симболи. „Лајбах“ во тоа време ќе негуваат визуелен имиџ врзан за рударската иконографија, но подоцна ќе воведат и нови симболи: Триглав, еленски рогови, крстот на Маљевич... Првиот концерт „Лајбах“ ќе го одржат во 1982 година во Љубљана. Истата година, нивниот лидер Томаж Хостник ќе изврши самоубиство. „Лајбах“ на сите подоцнежни настапи низ земјите во поранешна Југославија ќе предизвикуваат бурни реакции и револт кај јавноста поради нивната острина спрема тогашните политички збиднувања. Соцреалистичкото опкружување, ефектните концерти и дисидентниот статус дома ќе им овозможи на „Лајбах“ брз пробив на Запад.
Бројката на концертите на „Лајбах“ од основањето до денес е околу петстотини настапи низ целиот свет. Голем број на албуми, музика за многу домашни и странски филмски и театарски продукции вклучувајќи ги и холивудските, е мал дел од биографијата за култниот бенд. За „Лајбах“ се снимени два целовечерни филма и неколку документарни, а нивните дела станаа предмет на научни и уметнички изложби, па дури и докторска работа на англискиот публицист Алексеј Монро. „Лајбах“ и денес важат за уметнички феномен од светски ранг. Нивната публика постојано се регенерира. Тие не ја изгубија острината и нивната мисија се' уште трае. И понатаму живеат и творат во Љубљана“.




Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар



Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Музички документарни хитови на „Синедејс“
Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“



Perica, 16.11.2012 17:36:06
Prasanje za mladat novinarka; -zosto mislite deka peenjeto na majcin jazik vo 1988 bilo revolucija. Od 1944 vo Makedonija i Jugoslavija koj sakase i koga sakase peese i snimase na majcin jazik.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |