19.11.2012, 09:33 (ФОТО) Обама во историска посета на Мјанмар
Барак Обама стана првиот американски претседател, кој го посети Мјанмар (поранешна Бурма). Тој на улиците на Јангон, поранешниот главен град на азиската држава беше пречекан од голем број граѓани, кои виореа американски знамиња, а некои носеа плакати на кои беше испишано „Го сакаме Обама“.
На почетоток на неговата куса, шестчасовна посета, Обама изјави дека доаѓа да му подаде пријателска рака на Мјанмар.
По средбата со претседателот Теин Сеин, човек, кој во голема мера раководи со транзицијата на земјата од воено управување во демократија, американскиот претседател истакна дека реформите во Мјанар можат да го развијат неверојатниот потенцијал на оваа прекрасна земја.
Во Јангон Обама се сретна и со лидерката на опозицијата, добитничката на Нобеловата награда за мир Аун Сан Су Чи, а говореше и на Јангонскиот универзитет.
Обама ги награди демократските реформи во Мјанмар, со тоа што укина дел од американските економски санкции кон оваа земја.
|