Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.11.2012, 16:51
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“



Во однос на употребата на терминот „славомакедонци” од страна на амбасадорот Аиво Орав, Владата на Република Македонија смета дека ваквиот однос не придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед, и изразуваме силно несогласување, протест и осуда на тоа.
 
- Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската Комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот „македонски”, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот „славомакедонци”, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање, се вели во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.

Покрај тоа што со ваквиот однос се внесува забуна во процесот, се создава и основен проблем дека вака однесувајќи се и не водејќи се од принципи во своето однесување, и со вакви недоследности, не се создава терен за резултат од процесите. Водејќи се од потребата да се смири бранување во една или друга земја, а притоа бранувањата и да се создаваат со ваквото однесување, треба да се биде свесен дека не може да се постигнат резултати.

- Со ваквиот однос амбасадорот Орав треба да знае и да е свесен дека се изразува непочитување на основниот принцип на самоопределување и самоименување. Исто така, со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата Европска Комисија ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на Обединетите Нации, се посочува во соопштението.

Владата ги цени напорите на Европската Комисија во процесот на проширување, но, како што се наведува, апелира на принципиелен однос од сите нејзини претставници по однос на ова за нас исклучително важно прашање.



Статијата е прочитана 1821 пати.

Испрати коментар



Седум лица загинаа во сообраќајна несреќа во Германија
ЕУ забрани монета со крст
Ако си во неволја - врти 112
Георгиевски се заканува
Декемврискиот самит ја разбранува Атина
Груевски- Нова инвестиција со 500 вработувања
Нов спортски центар на местото на постојниот во Аеродром
СДСМ - Eдна милијарда евра треба да вратиме од 2015 до 2017
Нова инвестиција на „Пекабеско“
Автомобил излета, загина 21-годишен возач
Младо вино се пиеше во Кавадарци
Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
Лагард - Договорот за грчкиот долг треба да биде реален
Обама пристигна во Бангкок
Продолжуваат израелскo-палестинските вооружени напади
Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



пријател, 17.11.2012 18:11:43
Многу ме интересира каде е запишан „основниот принцип на самоопределување и самоименување“ на кој се повикува владата на ВМРО, и како тој гласи.Никаде не постои право кое му гарантира на еден народ да се „самоопредели“ и да се „самоименува“ дека не е она што е,туку она што сака да биде.Не може нашиот народ да се претставува како античкомакедонски кога нашето потекло е од Јужните Словени.
do koga, 18.11.2012 04:34:24
Do koga ke ne omaluzuvaat, bez nikakov respekt i se podigruvaat so nas.Ova vekje e neprifatlivo i navreduvacki ako imame nekoja gordost.Vreme eda se baraat drugi alternativi i drugi prijateli.So sila ne biduva!!!!!!!!! Toa e drugo drustvo.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 18.11.2012 08:02:00
Ништо ново. Ова го прават дваесет години. Некогаш некој ќе ни врли по некое ковче и нашиве одма го креваат во облаци, демек за нас е, ние сме во право. Но не за долго. Пак некој како овој, ќе не акне од земја. Затоа, штом некој дојде,закачиму ја клоцата и вит виделија да вати.
zik, 18.11.2012 08:54:25
fuere da se vrati!
Tina, 18.11.2012 12:32:22
Tie znajat da nie ne sme Slavo-sto neshto, tuku toj izraz go upotrebile da vidat kolku sme spremni da se predavame na pritisocite, a po toa da ke bide po lesno za Grcija da ni dade pritisok i ke ochekuva da podklekneme po lesno. Se im e planirano so cilj na nash pokor. Tie nexnajat da na nas ne ni e potrebno drugo ime.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Магла

Понеделник
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |