16.11.2012, 13:22 Николиќ: Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Ослободителната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач „ќе отвори стари рани“, се наведува во реакцијата на српскиот претседател Томислав Николиќ, по повод пресудата на Хашкиот трибунал.
Според него, Хашкиот трибунал донел политичка, а не правна одлука, која нема да придонесе за стабилизација на ситуацијата во регионот, а Србите во Хрватска ги става во позиција на виновници, иако, како што истакна, токму во Кинска краина имало жртви на најголемиот погром по Втората светска војна, јави Танјуг.
- Претседателот Николиќ, по повод скандалозната одлука на Апелативн��от совет на Хашкиот трибунал за ослободувањето на Анте Готовина и Младен Маркач од вината за прогонот на српското население од Книнска Краина во 1995 година, го изразува ставот дека сега е сосема јасно оти Трибуналот донел политичка, а не правна одлука, се истакнува во соопштението од прес-службата на претседателот на Србија.
- За време на операцијата Бура протерани се над 220.000 Срби и убиени се илјадници невооружени мажи, жени и деца. Кој е виновен за тоа? Со денешната одлука на Хашкиот трибунал Хрватска може легитимно да го слави најголемиот погром во светот по Втората светска војна. Држава која не им дозволува ниту на семејствата на исчезнатите Срби да утврдат каде се наоѓаат телата на нивните најмили. Ако тоа досега беше причина да веруваме на оние кои тврдеа дека Хашкиот трибунал е неутрален, праведен и нешто повеќе од суд на Србија и на српскиот народ, со најновата одлука за ослободувањето на воените злосторници, тоа е демантирано“, смета Николиќ.
Српскиот народ во најновата историја беше жртва на геноцид, најсурови злосторства, прогони и мачења, а Србите жигосани како злосторници кои треба да се срамат и да молчат. Тоа е парадокс кој повеќе не смее да се повтори, истакна Николиќ. |