Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.11.2012, 12:44

(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите



Граѓаните на Загреб, собрани на главниот плоштад Бан Јелачиќ, како и во другите градови низ Хрватска, со бурни овации ја поздравија ослободителната пресуда за Маркач и Готовина.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ го поздрави денеска ослободувањето во Хаг на генералите Анте Готовина и Младен Маркач, но предупреди и на обврската на државата да ги казни извршителите на злосторствата.

- Пресудата ја зајакна мојата доверба во меѓународното право и правда. Се покажа дека Готовина и Маркач не се виновни и дека хрватското раководство и оружените сили не дејствувале како организирана злосторничка акција, која имала за цел протерување на нашите сограѓани од српска националност. Се потврди дека Хрватска нема извршено етничко чистење и дека борбата на нашите бранители за слобода била праведна и чесна, изјави Јосиповиќ на прес-конференција во Загреб.

Тој додаде и дека денешната ослободителна пресуда претставува сатисфакција за сите жртви, на кои в недела ќе им оддаде почит во Вуковар.

- Генералите Готовина и Маркач поминаа без никаква вина осум години во затвор и тоа не е лесно ниту за нив, ниту за нивните семејства. Сакам да им заблагодарам за она што го направија за својата татковина, додаде Јосиповиќ.



Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изрази задоволство од пресудата на судот во Хаг, додавајќи дека Хрватска „ќе го исполни долгот на правдата“ за тоа каде што згрешила во текот на војната.

- Ни падна камен од срцето. Траеше многу години и важно е дека луѓето доаѓаат дома кај своите семејства, но важно е и за Хрватска бидејќи во се имаше многу преседани и многу политика, истакна Милановиќ.

Тој додаде дека по Готовина и Маркач денеска со владиниот авион во Хаг ќе заминат хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ и министерот задолжен за прашања на воените ветерани Предраг Матиќ - Фред.

Според министерот Матиќ, „се што знаела Хрватска, сега е обелоденето во светот“.

- Водевме ослободителна војна, се браневме и одбранивме, а посебно им е тешко на генералите за сите овие години кои ги поминаа неправедно во затвор. Горд сум на бранителите кои покажаа како може да се бори, а веројатно и молитвата придонесе пресудата да биде ваква, објасни Матиќ.

Граѓаните на Загреб, собрани на главниот плоштад Бан Јелачиќ, како и во повеќе други градови ширум земјата, со бурни овации ја поздравија ослободителната пресуда за двајцата генерали.

На плоштадот присуствуваат околу 7.000 луѓе, најмногу ветерани кои пристигнаа во воени униформи и знамиња, скандирајќи „Анте! Анте!“.






Статијата е прочитана 1338 пати.

Испрати коментар



Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



E, Johane...e, Grujo...e, Ahmeti !, 16.11.2012 14:25:47
Ete vi Pravda po NATO I EU ! Zlostorot se osloboduva, a nevinite se gorat na klada...kako vo vremeto na INKVIZICIJATA ! So Grujo napred ke ostvauvame novi AMNESTII...po terkot na HAG I HRVATSKA!
van4o mihajlov, 16.11.2012 14:55:45
Bravo...!!
EU, 16.11.2012 16:21:11
Ne bi se drznale da ja komentirame odlukata na Sudot, no mozebi vo Makedonija od ova nesto ke naucime. Koga si vo EU ili blisku pred vratite, mnogu raboti se mozni.
GORAN, 16.11.2012 17:23:12
Sramota -atak na pravoslavstvo-i mi uporna sakamo u Evropu-nashe pravosudstvo bilo losho ne gi ispolnuvalo kriteriumite na evropskite sudovi-na vakvi li sudovi-bruke evropski,sramota.
bb, 16.11.2012 18:12:40
ete kolku e ispraven toj Hag i koj go izmisli Hag e samo za pravoslavnite hristijani,,,,,,,,,,sramota

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |