Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.11.2012, 11:24

(ФОТО) Отворен 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“

Мотото на фестивалот годинава е „Исплакни ја сапуницата од себе, помалку сапун, повеќе филм“, избрано поради сериите на телевизиите.

ФОТО: Киро Попов

Во кино „Милениум“ синоќа почна 11. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“, на кој до 25 ноември, во неколку селекции ќе бидат прикажани 107 филмови.

За отворање беше прикажан словенечкиот „Шангајски циган“ од програмата МКиЕУ во кој главната улога ја игра македонскиот актер Висар Вишка, а се појавува и актерот Сенко Велинов. Филмот, снимен по сценарио и режија на Марко Набершник, годинава ја доби наградата за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал во Монтреал.

„Синедејс“ официјално го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека фестивалот секоја година го открива најновото од филмските остварувања во Европа.

- „Синедејс“ ни го доближува европскиот филм. Тој е фестивал на авторскиот филм кој ни предочува различни ракописи, погледи, сензибилитети. Токму таа различност што ни ја нудат европските кинематографии, зборува за богатството на културите, но и за афирмацијата на заедничките вредности кои ја карактеризираат Европа...„Синедејс“ е полигон за креативна размена на идеи и енергија меѓу актерите, продуцентите, синеастите, рече Канческа-Милевска.

Покрај во „Милениум“, од вечерва фестивалот ќе продолжи и во кино „Фросина“, а од утре проекции ќе има и во Кинотеката на Македонија. Десет наслови од млади европски автори се во официјалната конкуренција, седум во програмата Синебалкан, пет во селекцијата МКиЕУ (европски филмови во кои учествуваат режисери, сценаристи, актери, продуценти од Македонија) и 40 гала-премиери од познати режисери и победници на големите фестивали, за 40-те години постоење на Младинскиот културен центар, организаторот на „Синедејс“.

Во програмата „Земја во фокусот“ оваа година е кинематографијата на Египет и ќе бидат прикажани документарни филмови за Арапската пролет. Нивни селектор е Шериф Авад, филмски уредник на списанието Egypt Today, кој е и член на жирито за официјалната конкуренција. Во жирито се и македонскиот режисер Вардан Тозија и Јан Харлан - продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, кој е меѓу ѕвездите на „Синедејс“, заедно со Андреас Дресен, големото име на германската кинематографија.

„Синедејс“ ќе има и неколку музички документарци, кратки филмови од македонската продукција, првпат и поетски филмови, остварувања на млади италијански режисери, како и придружни настани - работилници и концерти. Мотото годинава е „Исплакни ја сапуницата од себе, помалку сапун, повеќе филм“, избрано поради сериите на телевизиите.




Статијата е прочитана 460 пати.

Испрати коментар



Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Глумела во 700 порно филмови, добила работа во црква
Музички документарни хитови на „Синедејс“
Мадона гола рекламира парфем
(ФОТО) Голем актер кој ги достигнуваше врвовите
(ФОТО) Лајбах не' „здрма“ со индустријал-доживувањe
Рецензија за „Дваесет и првиот“ на Османли во „Јутарњи лист“
Премиера на филмот на Иво Трајков во Скопје
Филмови од култни режисери викендов на „Синедејс“
Книжевни признанија за авторите Христо Петрески и Васил Тоциновски
Триумф на Мартин Кочовски во Ужице
Култните „Лајбах“ вечерва повторно пред скопјани
Почина актерот Владимир Ангеловски Дади
Благој Нацоски во Рим ќе пее македонски дела
Бисерите на егејската музика со „Љубојна“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Возобновен „Скопски фестивал“ - Во ново руво, со шмекна старите златни денови
Под водство на шоуменот Игор Џамбазов и настапот на доајени, но и млади лица на македонската поп-естрада...
Алгите се` уште не се „зрели“ за биогориво
Иако алгите имаат своите предности, масовното производство на биогорива од нив се' уште не е одржливо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |