(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Десетици демонстранти против мерките за штедење денеска упаднаа во конференциски центар во Солун и се судрија со полицијата, откако нападнаа претставник на германската Влада, јави дописникот на МИА.
Општинските работници кои протестираа фрлале кафе врз германскиот дипломат кој во Солун учествувал на конференција на грчки и германски градоначалници. Демонстрантите потоа ја пробиле заштитата и влегле во конференцискиот центар по што се судриле со полициските единици за справување со нереди.
Германскиот заменик министер за труд, кој е назначен за специјален претставник за Грција Ханс Јоаким Фухтел, исто така учествувал на настанот.
- Овие луѓе не се дојдени за да ни помогнат, туку да ни ја соопштат нашата смртна пресуда, изјави Темис Баласопулос, лидер на синдикатот на грчките општински работници.
Демонстрантите извикувале „Нацисти надвор“ и „Ова нема да помине“ додека учесниците на конференцијата пристигнувале на настанот. Засега нема информации за уапсени лица.
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“