Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
14.11.2012, 17:23

Лекарите и штрајкуваа и прегледуваа

Лекарите на клиниките, кои вчера стапија во генерален штрајк поради неприфаќање на платата според сработеното, и прегледуваа пациенти и протестираа

Јасмина Јовановска-Вељановска

Лекарите на клиниките, кои вчера стапија во генерален штрајк поради неприфаќање на платата според сработеното, и прегледуваа пациенти и протестираа. Пациентите како да им беа сојузници на лекарите во штрајкот. Фреквенцијата на болните по клиниките беше намалена, слично како во неработни денови. Веројатно и самите пациенти се откажаа да појдат на клиниките по најавата за штрајк. Од некои клиники на закажаните пациенти им се јавувале по телефон да не доаѓаат попусто. Пред клиничките ординации имаше по неколкумина болни кои главно беа итни случаи. Но, имаше и такви пациенти кои, иако знаеле за штрајкот, беа дојдени за контролен преглед. И тие беа прегледани.

„Дојдов на контролен преглед. Така ми рече лекарката бидејќи пијам лекови по шема. Сега чекам да ме прими“, ни изјави Добрила Велјановска, 74- годишна пензионерка од Скопје, која ја затекнавме на Трансфузиологија.

И во амбулантите на интерните клиники имаше по два-три случаи за прегледување.

„Не не' вратија од ниедна клиника. А, минавме пет клиники. Жена ми има болки во глава и во ’рбетот. Не знаеме што и' е. Бевме на Ортопедија, на Неврологија, и еве сега на Ревматологија се враќаме втор пат и немаше никаков проблем, не' примија секаде“, ни раскажа сопругот на една 64- годишна жена, која од болки не можеше да зборува.

И на Детската клиника, каде што беше евидентно дека приливот на пациентите е многу мал, немаше родител кој беше вратен, а детето да не му биде прегледано. „Детето ми гори од температура. Не' примија на шалтер и сега ја чекаме лекарката“, ни рече една мајка.

Никој од пациентите, барем според снимката од терен на повеќе клиники, не беше вратен. Така беше и замислата на клиничкиот синдикат, но можеби влијание имаа и притисоците и заканите врз лекарите да не штрајкуваат. Пред амбулантите на речиси сите клиники вчера рано наутро осамнаа соопштенија со кои пациентите се советуваат ако некој лекар одбие да ги прегледа, да го пријават кај директорот. Кој ги советувал да истакнат такви заканувачки известувања, повеќето директори одбија да кажат, или пак, избегнаа да дадат изјава. Некои од клиничките менаџери неофицијално ни кажаа дека соопштенијата биле сугестија на Министерството за здравство.

Да не биде вратен ниту еден пациент беше и основната препорака на клиничкиот синдикат, кој до сите клиники кои тоа го побарале достави правила за работа во услови на штрајк. Од Синдикатот потврдија дека имало невидени притисоци врз лекарите, но и врз нивното раководството.

„Директори и економските менаџери како жандари шетаа по амбулантите за да видат кои работат, а кои не. Кај нас на Гинекологија, пак, ни рекоа оние кои ќе штрајкуваат да се стават во посебна просторија, како да сме во гасна комора, а не на клиника“, револтирано раскажуваа неколку лекари од Гинекологија и од Хирургија.

Дел од нив признаа дека не сакаат јавно да зборуваат за да не добијат отказ. Други лекари велат дека три дена им стоеле над глава за да се потпишат дали ќе штрајкуваат. И покрај пресијата, клиничките лекари сепак својот револт го изразија со протест од половина час во клиничкиот круг и тоа за време на паузата.

И синдикалниот лидер Дејан Ставриќ изјави дека имал лични притисоци со класично вознемирување по телефон, кои за него се недокажливи. „Најголеми притисоци има на Стоматологија и тоа пред се' психички, со соопштението за пациентите, а во внатрешноста се кинеа и плакатите за штрајк“, изјави Ставриќ. Тој смета дека е апсолутно незаконско барањето на менаџерите за списоци на лекари кои нема да штрајкуваат.

Лекарите ќе штрајкуваат се' додека не постигнат договор со министерот за здравство Никола Тодоров од кого бараат да се редизајнира моделот за платата по успешност. Тие не се против платата по успешност, но таа да биде по меѓународно признат модел за што синдикатот ќе побара техничка помош и од дипломати во земјава.

Министерот Тодоров, пак, е задоволен од самосвеста на докторите што не дозволиле незадоволството од „плаќањето по успешност“ да биде искористено за политички амбиции на двајца или тројца, а можеби и четири-пет луѓе од врвот на Синдикатот. „Денеска немаше прекин на работата во јавните здравствени установи“, изјави Тодоров. Тој и натаму е на ставот да преговара само со репрезентативниот Синдикат за здравство, фармација и социјална политика, зашто тоа е негова обврска.

Поддршка од тетовските бели мантили

Тетово - И во Клиничката болница во Тетово лекарите штрајкуваат. Според Илбер Бесими, претседател на Општинскиот одбор на Лекарската комора на Македонија, тетовските лекари се солидаризирале со Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени установи.

Низ одделенијата на болницата се поставени плакати на кои пишува „Штрајк“. Вчера околу 10,30 часот во дворот имаше десетина лекари кои се обидоа јавно да го искажат своето незадоволство. Меѓутоа, на јавно место не наидоа на поголема поддршка. За нецели пет минути се повлекоа постапувајќи по упаството на Синдикатот да се биде на работно место, а да се дава здравствена заштита само на итни случаи.

Во основната организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во Клиничката болница во Тетово официјално никој не дава изјави, но неофицијално дознаваме дека оваа асоцијација не поддржала штрајкување се' додека траат преговорите. (Г.Е.)

Протестираа и штипските специјалисти

Штип - Кон штрајкот на белите мантили вчера се приклучија и докторите специјалисти од Клиничката болница во Штип. Штрајкот почна во 7,30 часот кога, според д-р Ване Ѓоргов, специјалист анестезиолог и синдикален активист, била стопирана целата хируршка програма со хроничен карактер. Во 11 часот, за време на получасовната пауза, половина од вкупно 43 специјалисти излегоа во кругот на болницата на мирен протест.

Раководството на Клиничката болница, според дел од специјалистите, се обидувало на секаков начин да го спречи штрајкот. Прво го спореле легитимитетот на Синдикатот поради што морале да ја докажуваат својата легитимност со потврда која од Скопје е добиена по факс, а потоа агитирале кај дел од специјалистите да не излегуваат на протестот.

И во Кочани специјалистите од Општата болница го изразија своето несогласување со законот предложен од министерот Тодоров. И таму во 11 часот, за време на паузата специјалистите излегоа во кругот на болницата. Д-р Борка Панова рече дека тие го поддржуваат штрајкот и дека секој ден, за време на паузата, ќе го изразуваат својот протест се' додека не се најде решение за проблемот. (И.Б.)

Лекарите од Битола во понеделник на солидарен штрајк

Битола - Синдикалците од битолската Клиничка болница вчера излегоа на протест со поддршка на своите колеги од Скопје. Се штајкуваше половина час и тоа за време на паузата. Лекарите од Битола за понеделник најавуваат солидарен штрајк. Апелираат до Министерството да отпочнат преговори со Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар во Скопје. „Масовно обесправените граѓани на Европа денеска штрајкуваат, а ние сакаме да укажеме дека сакаат да ни ја затворат устата. Не бараме ништо повеќе отколку што сме заслужиле. Можеби ќе се случи од понеделник да најавиме солидарен штрајк, бидејќи законските прописи кои ги наметна ресорното министерство се толку ригорозни, што немавме време да најавиме генерален штрајк.“, рече д-р Гоце Чакаровски, специјалист гинеколог. (А.Б.)

 


Статијата е прочитана 2093 пати.

Испрати коментар



И утште нешто
Државата сака да гради аеродром среде Охридско Езеро
Европа во масовен штрајк, Македонија води преговори



Gostivarcanec, 15.11.2012 00:32:30
АЈде некој машки да истрае! Па валда некој во државава размислува и не оттрпнале сите на се! Нека почне се од лекарите,и онака сите ги почитуваат! Забега се кај нас веќе,може и сега станува доцна за назад,ама да пробаме барем додека не е предоцна!
MK, 15.11.2012 04:00:19
Lekarite zemat solidni plati, (bez nagradi); - koga ke pocnat da strajkuvat rabotnicite koi rabotat za 150€?.
Анета, 15.11.2012 07:52:32
Тие лекари што ги бива и што сакаат да работат си отворија приватни ординации и земаат и добри плати и тоа според учинокот. Овие што штрајкуваат се или неработачи или партиски заслепени.
Трпе, 15.11.2012 08:28:09
Целта на ова влада е да го уништи целосно државното задравство.Уште овие неколку способни доктори кои се останати во државното здравство сакат да ги протерат да одат во приватно.Тогаш власта нема да има проблем со големите трошоци за здравството.Овој кој има пари ке се лекува во приватното а овој кој нема пари Бутел не му бега.
Miki, 15.11.2012 08:33:45
A zosto da ne? Pa koga imavme ,,demokratski centralizam,,(antologiski oksimoron) zosto da nema i ,,strajk so rabota,,? Gi razbiram lekarite, se borat da go realiziraat ona sto naumile ama da ne mu dadat dovolno agumenti na ona milenice na Lidero-ministerce da im se nasska..Kako i da e - lekarite izlegoa pohrabri od site onie kategorii koi vo normalniot svet se na celo na demokratskite procesi - profesori, studenti, svestenici(setete se samo na Popjelusko vo Polska)..za zal ovie kaj nas se na nivo na sutlijas, prevaren..
S.P., 15.11.2012 08:44:19
Ima li koj da gi cue i razbere...........
vesna, 15.11.2012 08:45:33
abe zagrev oregladnetim lele , kako d amu pomogneme, ...
darabubamara, 15.11.2012 09:23:29
Lekarite pod itno da prestanat so strajkot i da pezemat merki za zdravjeto na ministerot Todorov, a bogami i na mnogu drugi...........
nevraboten, 15.11.2012 10:25:17
kako moze da strajkuva nekoj so tolkavi plati?pa naucile na izobilstvo,koj budali ce ti raboti za 10000 ako tie dobijat 60000 go facam prviot voz za italija ilegalec..
perko, 15.11.2012 11:05:56
samo napred gospodo doktori,ocigledno ste luge so najgolemi ma...a vo drzavava.ne dozvoluvajte edna selsko profiterska instalacija od vlast da ve zamolci.ako nekogas vo istorijata bajrakot na obespravenite go nosele ucitelite,zosto sega toa da ne bidat doktorite
ANDON SLABEJKO, 15.11.2012 17:39:48
Почитувани доктори(лекари),Вие сте единствената сила што остана во оваа виртуелна држава која има храброст да му се спротивстави на овој ПРОФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ.Никој друг,ниту образованието,ниту полицијата,ниту стечајците,ниту бранителите,ниту било кој дел од администрацијата нема храброст и капацитет да се спротивстави на ова лудило.ИЗДРЖЕТЕ ДОКРАЈ и БИДЕТЕ НАША ГОРДОСТ,покажете му на тој ЗАБЕГАНИОТ КАРАТИСТ,наречен МИНИСТЕР дека неговиот умен капацитет е ПОТПРОСЕЧЕН
drzaven lekar, 15.11.2012 20:28:26
do aneta: 90% od naselenieto vo MK ne moze da si dozvoli da odi vo privatni ordinaci.E tokmu za niv se lekarite vo drzavnite ustanovi!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |