06.11.2012, 13:14 Изложба на уметникот Владимир Лукаш
Самостојната изложба под наслов „Записи на џуџето самоубиец“, во организација на „Кооперација“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот
Самостојна изложба на уметникот Владимир Лукаш под наслов „Записи на џуџето самоубиец“, во кураторство на Владимир Јанчевски, во организација на „Кооперација“, вечерва во 20 часот ќе биде отворена на булеварот „8 Септември“, бр. 4 (локал на приземје), а најавен е и музички настап на составот „Џуџиња“.
Владимир Лукаш е роден во 1978 година, завршил Средно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“, а во моментов е апсолвент на Факултетот за музичка уме��ност, оддел за инструментален џез на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Досега своите дела ги претставил на 4 самостојни изложби (реализирани во периодот 2007-2012) низ различни градови во Македонија, и поголем број групни изложби. Лукаш се занимава со цртеж, илустрација, перформанс, видео, и е дел од неколку експериментални музички состави.
|